Реклама
Наши ѕвезди

Спасен Силјаноски и Адријана Алачки им подготвуваат изненадување на фановите од Македонија?

Еве што се шушка во телевизиските кулоари

Реклама

Во тимот на емисијата „Везилка“ од оваа недела ќе се приклучи и познатиот и атрактивниот пејач Спасен Силјаноски.

Како што дознаваме од наши извори, Спасен доаѓа на местото на Благоја Грујовски, па сите се нестрпливи да видат како популарниот пејач на фолк-музика ќе се снајде во оваа своја нова улога.

Покрај Благоја Грујовски, „Везилка“ досега ја водеше уште една нивна колешка, Адријана Алачки, како и Ирена Спировска.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска

Шармантниот пејач кој веќе неколку години е присутен на јавната сцена и кој е поприлично активен и на социјалните мрежи, овој пат фановите ќе можат да го гледаат и на телевизија во улога на водител.

Маркетинг

 

Принтскрин/ Јутјуб

Во емисијата покрај тоа што ќе ја води, Спасен и ќе пее, а концептот на истата е таков што екипата гостува низ Македонија.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Тие ги прикажуваат убавините на одредени места и покрај убавата музика ќе уживаме и во репортажите од нашите градови и села.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Инаку, Спасен по потекло е од кичевското село Пополжани за кое секогаш зборува само со најубави зборови.

Тој не крие дека е вљубен во кичевскиот регион и дека го користи слободното време да ужива во убавините на ова место.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево , да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно, изјави Спасен во една пригода за Гламур магазин, па го додаде и следново:

Исто сакам да ги посетам и нашите христијански православни храмови како манастирот Св. Пречиста кој е мојот духовен дом исто и Бигорскиот манастир. Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стресна.

Целото интервју со Спасен прочитајте го тука...

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button