Реклама
Вирално

Со Том и Џери растат генерации македонски деца, дали некогаш сте помислиле на оваа нивна темна страна? (ВИДЕО)

Реклама

Најпопуларниот детски цртан филм „Том и Џери“ со кој израснаа генерации и генерации деца во целиот свет, и се уште нуди радости и насмевки и кај помладата но и кај постарата публика прват се појави кон средината на 20. век.

Во текот на 80- годишното постоење овој цртан серијал за мачката Том и глувчето Џери го следеа бројни контроверзи, а една од нив е посебно интересна.

Маркетинг

Имено, обожавателите на теориите на заговор, веруваат дека на крајот на епизоцата емитувана во 1956 година вечните ривали извршиле самоубиsтво и дека тоа не е се.

Не само што верувале дека епизодата фатално завршува, туку и мислеле дека на овој начин е ставена точка на целиот серијал цртани филмови за Томи Џери.

Маркетинг

Во цртанот од 1956 година Том и Џери на крајот доаѓаат до пругата и со тажни очи остануваат да седат на шините. Од ваквиот завршеток тргна легендата за мрачниот крај на популарниот цртан филм.

Вистина е дека ова не е последна епизода, зошто после неа следуваат уште многу луди бркотници меѓу мачката и глувчето кои ќе траат со децении.

А во спорната епизода Том и Џери разочарано седат на шините зошто Том го оставила девојката поради друг мачор, а Џери неговата глувчица која среќно се вози во автомобил со друг глушец на кој пишува „тукушто венчани“.

Како необичната бркотница стана планетарно популарна

Серијата „Том и Џери“ е мошне популарна поради смешните тепачки меѓу двајцата вечни непријатели, еден обичен куќен мачор и глувче. Обично приказната на секоја епизода се врти околу бројните обиди на Том да го фати Џери и на општиот хаос што настанува притоа.

Со оглед на тоа што Том ретко се обидува да го изеде Џери, и тоа што во некои епизоди тие двајца дури и добро се сложуваат, не е јасно зошто Том толку многу го брка Џери.

Некои од причините се можеби вообичаеното непријателство меѓу мачка и глушец, обврската што мачорот ја има кон својот сопственик, тоа што Џери се обидува да ја расипе секоја работа што Том ќе ја започне, тоа што Џери краде од храната на сопственикот или го уништува секој обид на Том да заведе некоја мачка, потоа, одмазда, натпревар со друг мачор, или поради обидите на Џери да спаси некоја жртва на Том (на пример патка, канаринец или златна рипка).

Том ретко успева да го фати Џери, затоа што Џери е паметен, снаодлив и има среќа. Интересно е тоа дека на повеќето најавни шпици, Том и Џери се прикажани како се смеат еден кон друг, што укажува дека тие во исто време и се сакаат и се мразат, иако во секоја епизода се мошне бесни еден на друг.

Постојат неколку сцени во кои е прикажано искреното пријателство помеѓу нив („Пролет за Томас“) и загриженоста за доброто на другиот, како на пример во епизодата „Џери и Лавот“, каде што Џери се преправа дека Том го погодил со куршум, па Том веднаш трча по приборот за прва помош.

Неколку контроверзи за „Том и Џери“ цртаните

Оваа серија е позната по некои од најнасилните сцени во историјата на филмската анимација: Џери го сече Том на половина, му ја фаќа главата со вратата или со прозорецот, му ја става опашката под пеглата, во цедалката за алишта или во штекерот, го шутнува во фрижидерот, го удира со боздоган, чекан или со палка, сече дрво или бандера која паѓа врз Том и го закопува во земја, става запалени чкорчиња меѓу прстите на Том и сл.

Од друга страна, пак, Том користи сè и сешто во своите обиди да го убие Џери: секири, пиштоли, екплозиви, стапици, отров… И покрај својата популарност, „Том и Џери“ честопати биле критикувани поради тоа што се премногу насилни. Но, иако има многу насилство, во ниту една сцена од првата серија нема крв. На почетокот на „Том и Џери: Филмот“ кога Том е исечен на парчиња, јасно се гледа крв, но тоа е една од мошне ретките сцени од ваков тип.

Понатаму, честопати ја гледаме сцената кога Џери го удира Том, а тој чувствува болка дури по некое време (откако ќе види дека е повреден), и обратно, или кога Џери застанува на сред брканица како да бара тајмаут, пред да направи нешто, обично да го повреди Том.

Цртаниот филм е забележителен и по тоа што користи одредени стереотипи, како на пример поцрнети лица после експлозија или користењето на големи и страшни сенки, како на пример во „Д-р Џекил и г-дин Глушец“.

Музиката е мошне битен дел од секој цртан филм, бидејќи го нагласува дејството и внесува емоции во сцените. Музичкиот директор Скот Бредли создаде сложени мелодии, кои се комбинација од џез, класична и поп музика. Тој има користено и модерни поп песни, како и песни од филмовите во производство на МГМ, како што се „Волшебникот од Оз“ и „Се гледаме во Сент Луис“.

Вообичаено нема дијалози, бидејќи Том и Џери ретко зборуваат, но затоа пак споредните ликови не се ограничени во тој поглед. Така на пример, Бабата има реплики во сите епизоди во која се појавува, освен во „Малото сираче“. Повеќето од звуците кои ги испуштаат Том и Џери се всушност гласна смеа или врескање, кои можат да се добијат со помош на труба или други музички инструменти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button