Со солзи во очите зборува за неа: Џеј поради оваа жена тргна по вистинскиот пат и стана ЧОВЕК

Фолкерот Џеј Рамадановски порана во самиот центар на Белград,а соседите го опишуваат како вечен боем и весељак.
– Џеј е вистински боем, го знам уште од мали нозе. Тоа старо друштво се собирало во една кафеана која со денови била затворена. Него ќе го повикаа, и секогаш се појавуваше со тарабуката.
Тогаш уште тинејџер беше, а секогаш беше весело и луѓето многу го сакаа. Никогаш не бил скржав, сакаше да дава и да ги части луѓето, кога имаше делеше со сите.
Тука одеше во основно училиште, едно време беше во поправен дом, а кога излезе се вработи во фабрика. Седум дена работеше и даде отказ, тогаш нас ни зборуваше: „Јас влагам црн, а излагам цел црвен од фарби“, открил соседот на Џеј, Душан.
Директот на основното училиште откива интересни детали за фолкерот.
–
Џеј одеше кај нас во училиште, учителката Даница еден ден го пронашла расплакан и го донела во училиште. Му зборуваше дека таа му е како мајка,и таа да не беше немаше никогаш да го изоди вистинскиот пат.
Му купи книги, облека и се грижеше за него. Беше на една прослава во училиште, па тој за Даница низ солзи зборуваше дека многу ја сакал, раскажал директорот.
И покрај тоа што беше проблематичен и порасна во тешки услови, еден од староседелците раскажа дека Рамадановски сепак „стана човек“.
– Џек порасна на овие улици. Едно време беше проблематичен, многу пиеше. И поркај тоа на сите ни беше драг, но се зборуваше дека одел по погрешен пат и дека се изгубил. Меѓутоа, не беше така. Секоја чест си купи и стан и си обезбеди се, стана вистински човек. Живееше тука во баракиве од каде сите го бркаа кога се руштеше за да почнат со градење, открива соседот.