Со нејзината песна пораснаа многу генерации – ова е новата девојка на Перо Антиќ
Новиот пар на македонската јавна сцена повеќе не ја крие љубовта.

Сања и Антиќ заљубени до уши, постојано споделуваат заеднички фотографии.
Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ е првиот и единствениот досега македонски кошаркар кој играл во НБА лигата, каде две години го носел дресот на Атланта Хокс.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во „КК Работнички” од Скопје во 1999 година.
Перо е татко на три сина кои ги доби во бракот со Ружица Антиќ, со која 13 години беше во брак.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Перо и Ружица беа навистина складен пар, пар за кој пишуваа сите медиуми, секој нивен чекор беше интересен за јавноста.
Одлуката да се разделат Перо и Ружица ја донеле по извесен период откако не можеле да ги надминат ненадмостливите разлики, па така што решиле дека разводот е најдобра опција.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Досега Перо беше во неколку врски и со познати и со дами кои не се дел од естрадата.
Но, неговата најнова врска привлече огромно внимание.
Имено, тој е сега во љубов со Сања Ристиќ, која на јавноста ѝ е позната како девојчето кое го испеа големот детски хит „Ех, тој Тоше“.
ФОТО: Инстаграм / Сања Ристиќ
Сања од бракот со ракометарот Дејан Пецаковски исто така има два сина.
Сања и Перо се пресреќни и обожаваат да споделуваат заеднички фотографии.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
ФОТО: Инстаграм / Сања Ристиќ
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ