Со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот- Елена Стојановска важи за една од најубавите водителки, а сега покажа како изгледа нејзината сестра

Една од најубавите и најшармантните водителки во Македонија, но и пошироко покажа како изгледа нејзината сестра.
ТВ водителката која речиси секое утро ја гледаме на уринската емисија на Сител го честиташе роденденот на својата сестра и сподели нејзина фотографија, а од приложеното може да се види дека природата не се штедела кога се работи за убавината во нивното семејство.
Елена е активна на социјалните мрежи, а овојпат со емотивни зборови и го честиташе роденденот на нејзината сестра Катерина.
-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа,ќе беше празно место. Срекен роденден!, напиша Елена.

По објавата следеа честитки, но и комплименти за двете сестри кои изгледаат боженствено.

Убавата Елена често знае да сподели некоја семејна фотографија, па така неодамна таа ги покажа и нејзините родители, додека уживаат во семејно попладне. Од приложеното може да се види дека Елена убавината ја наследила од својата мајка.

„Мама, тато, Илинче и јас“, стои во опис на фотографијата.
Дека навистина личи на својата мајка сведочи и фотографијата од свадбата на нејзините родители која водителката ја сподели како честитка за нивната годишнина.

Во едно интервју за „Гламур магазин“ таа зборуваше и за нејзиниот однос со ќерката Илина со која се труди да биде другарски.
„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос.
Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена.
Водителката вели дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.

„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас. Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.





