Реклама
Кафе муабет

Соседите прозбореа: Открија се за новото момче на Данијела, поранешната на Огњен утеха најде во овој фудбалер!

Тие неколку месеци се заедно...

Реклама

Пред неколку дена во медиумите се појави веста за врската меѓу Данијела Димитровска и Јеврем Косниќ.

фото инстаграм/Данијела Димитровска

Како што објави српскиот Курир, соседите на Димитровска потврдиле дека таа го преболела поранешниот, водителот Огњен Амиџиќ со кого има син, и утеха нашла во прегратките на поранешниот фудбалер, Јеврем Костиќ.

фото инстаграм/Данијела Димитровска

– Неколку пати ја видовме Даниела со тој тип, но секогаш беа во поголемо друштво. Не знаевме дека тоа е нејзиното момче до вчера, кога го видовме тоа во медиумите. Не разменуваа нежности. Барем јавно. Убаво е што си ја пронајде среќата – изјавила за споменатиот медиум една од вработените во кафулето.

Маркетинг
фото инстаграм/Данијела Димитровска

– Најчесто ја гледам со детето, а еднаш ја видов со овој тип. Тој млад човек често го посетува нејзиниот стан. Живееме во иста зграда, рекол друг сосед.

фото инстаграм/Јеврем Костиќ

Инаку Костиќ е поранешен српски фудбалер роден во Швајцарија, Сент Гален. Играше за помладите категории на Црвена звезда, а сениорската кариера ја започна во ФК Рад, пред да се пресели во ФК Бежањи. Фудбалскиот пат потоа го однесе во Италија, каде играше за Реџина, се врати една сезона и играше за Војводина, играше и за романскиот клуб Клуж, а кариерата ја заврши во Италија во Торанто пред три години, во 2020 година.

Маркетинг
фото инстаграм/Јеврем Костиќ

Неговиот најголем трансфер изнесуваше 300.000 евра и тоа на почетокот, додека во кариерата заработи вкупно околу 3.000.000 евра. Откако ги остави копачките, се сврте кон приватниот бизнис.

фото инстаграм/Јеврем Костиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button