Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на Спасен Силјаноски на Фејсбук објави тажна фотографија – Татичко пак ни замина (фото)

Пејачот ги спакува куферите и тргна за Австралија, неговата сопруга го испрати на вистинскиот начин

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач замина за Австралија, неговата сопруга го испрати на вистинскиот начин.

Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски замина за Австралија, каде оваа сабота треба да има настап во Мелбурн.

Како што самиот претходно најави, тој оваа сабота настапува во овој град по повод 130 години од формирањето на ВМРО.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Драги мои се гледаме во сабота во Мелбурн. Заедно да ги испееме најубавите Македонски рефрени по повод 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација. Да живее Македонија, напиша Спасен на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг

Тој потоа објави и една фотографија од Австралија, покажувајќи како неговите другарчиња го пречекале, но фотографијата што ја објави неговата сопруга привлече многу поголемо внимание.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Имено, неговата сопруга Ана објави фотографија од аеродромот, на која се гледа како заедно со синот и ќерката го испраќаат Спасен.

Фото: Фејсбук/ Ана Силјаноска

„Татичко пак ни отиде во Австралија, среќен пат, те сакаме“, напиша Ана под заедничката фотографија со која ги воодушеви сите.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Инаку, Спасен во неговото последно интервју за Гламур магазин ни откри дека му е најубаво кога времето го минува токму со семејството.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево , да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно…“ изјави тогаш познатиот пејач.

Тој исто така тогаш додаде дека се полни со позитивна енергија и кога ги посетува нашите православни храмови како што се манастирот Св. Причеста кој е неговиот духовен дом, исто како и Бигорскиот манастир каде Спасен исто така многу често доаѓа.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стреснаа, додаде тогаш Спесен, а целото интервју со него прочитајте го тука.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Спасен игра, колешката му свири на гајда

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Повеќе за колешката на Спасен прочитајте тука >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button