Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на пејачот Миле Кузмановски прозборе за односот со ќерките- „Никогаш не се обидував да ја заменам нивната мајка“

Реклама

Неговите песни се на репертоар на секоја веселба, но се е полесно кога зад него стои вистинска дама која му е поддршка во секоја смисла.

„Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ се само дел од хитовите на Миле Кузманосвки кои се пеат со генерации.

Маркетинг

Иако пред неколку години помина низ тежок период, тој сепак успеа да продолжи да чекори напред.

Тра-гедијата која го обележа неговиот живот е згаснувањето на животот на неговата сопруга во 2012 година. Тогаш популарниот пејач остана сам со двете ќерки, близначките Јана и Ана.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Неколку години подоцна ја запознал Јасмина со кој пронашол нова љубов.

Двајцата имаат уште една ќерка која се вика Ева и веќе порасна и има 4 години, а двете близначки се полнолетни девојки.

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Во интервју за „Женски магазин“ Јасмина Кузмановска вели дека никогаш не се обидела да го заземе местото на нивната мајка и дека имаат еден топол и пријателски однос.

– Нашата авантура, моја и на Миле, а потоа и на Ана и Јана, па и на крај на Ева е несекојдневна, но е успешна. Живееме во средина каде сè уште се верува дека маќеата е лошиот лик од приказните, ние сите одлучивме да покажеме дека тоа не е така и дека можеме искрено да се сакаме и почитуваме, да го градиме домот, заедништвото со многу љубов, разбирање и хармонија-вели Јасмина. во интервјуто и додава:

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Таа за својот сопруг вели дела е многу посветен татко, а со девојките и двајцата секогаш искрено разговараат. Понекогаш разговараат и за нивната мајка, а не ретко заедно гледаат слики и се потсетуваат на минатото.

„Поменот за нивната мајка секогаш ќе живее во нашиот дом. Јас не се обидувам да ја заменам нивната мајка, таа е една и единствена, таа улога животна не е заменска“, вели Јасмина во споменатото интервју.

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Јасмина вели дека кај Миле ја освоиле неговата харизматичност, скромност и реалното гледање на работите, како велат цврсто гази на земја.

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Таа на сите жени кои се во слична ситуација како нејзината им порача да го отворат срцето, да сакаат искрено, да не бидат себични и секогаш да се обидат да ги облечат кондурите на другиот, односно да се обидат да почувствуваат дека секој може лесно да се најде во таква ситуации.

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Инаку Миле не крие дека Јасмина и децата се неговата најголема поддршка во животот, и за нив секогаш зборува со љубов.

„Кога им соопштив дека планирам да се оженам повторно, немаше никаков проблем. Сé се одвиваше многу внимателно, без да биде некој повреден. Кога се наместија коцките, тогаш решивме. И еве после толку време се гледа дека е направен вистинскиот избор, за сите нас“, изјави познатиот пејач своевремено во интервју за „7дена“.

Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска

Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button