Сопругата на Жељко Јоксимовиќ објави стара фотографија и го запали Инстаграм
Никој не остана рамнодушен на нејзината фотографија што ја објави на Инстаграм, а на која има само 23 години.
Атрактивната Јована Јоксимовиќ, познатата водителка од Србија и сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ, на социјалните мрежи објави фотографија од себе како девојка, поточно кога имала само 23 години.
„Моите 23″, напиша под нејзината фотографија и веднаш заработи повеќе од пет илјади лајкови. На фотографијата Јована позира како модел, додека нејзината сега долга коса, е многу пократка, а тогаш носела и шишки.
https://www.instagram.com/p/Br0p3Q_Byca/
Нејзината објава воодушеви бројните пријатели, а рамнодушен не остана ни нејзиниот сопруг Жељко, кој во коментарите напиша: „Маццц” и така пред сите јасно стави до знаење дека својата жена ја смета за вистинска убавица
https://www.instagram.com/p/Bp6Y6LmnKCX/
Само да потсетиме, двојката е во среќен брак од 2012 година, а освен близначките Ана и Срна, кои ги добија минатата година, домот на среќно семејство го развеселува и нивниот четиригодишен син Коста кој сака да ги чува неговите сестрички и кон кои се однесува како вистински постар брат – заштитнички и полн со љубов.