Солзи радосници и насмевки на сите страни – познатите од Македонија ги испратија децата на училиште
Познатите личности од Македонија ги испратија своите деца на училиште.
За некои од децата на познатите личности од Македонија денеска им е прв училишен ден во животот и се првачиња.
Оваа година учениците тргнаа училиште на втори септември, бидејќи први паѓаше во недела.
ФОТО: Freepik.com
Џагор од деца, среќни родители, дотерани и насмеани се упатија кон училишните дворови.
Славните од Македонија споделија фотографии на социјалните мрежи од своите деца ученици горди на новото поглавје во нивниот живот.
Дарен, Синот на Тамара Тодевска и нејзиниот поранешен сопруг Алекандар Димитровски, годинава е прваче.
ФОТО: Freepik.com
Пејачката на училиште своите деца првиот ден ги испрати со новото момче, Лука Радовиќ и нејзините родители.
Дизајнерката Маја Кикириткова покажа како го дотерала синот Лазар, кој оваа година е второ одделение.
Синот на Борко и Нина Ристовски, Душан оваа година е прваче па неговата мајка му подготви торта за овој ден и го испрати до училиште.
ФОТО: Freepik.com
И Илина, ќерката на Сара Мејс и имитр Атанасовски стаса да биде прваче, па Сара сподели фотографија од неа во училница на Инстаграм.
Децата на новинарката Милица Џаровска се веќе средношколци, односно трета година.
Синот на комичарот Бојан Велевски исто така тргна во прво одделение, па актерот и јавно му честиташе.
Фотографии погледнете во продолжение: