Реклама
Наши ѕвезди

Снеже Велков учеше да скока на јаже, па си постави интересен предизвик – еве што се случуваше

Реклама

Жената која успева да избалансира неколку улоги во својот живот деновиве учеше да скока на јаже.

Снеже Велков е пилатес инструкторка, мајка и мотивациски тренер,а често знае да се пофали дека готви здрави и вегетаријански јадења.

Маркетинг

Снеже секое утро вози велосипед или вежба низ центарот на градот, но викендов себе си постави интересен предизвик, а тоа е да сврзе 50 скокови на јаже.

Иако се чини дека ја бидува и може да направи се, Снеже покажа дека со јажето не ѝ оди баш најдобро, но затоа се потруди да го усоврши и тоа. Секојдневно објавуваше видеа на својот Инстаграм профил како и оди, а по се сè чини дека има напредок.

Маркетинг
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Често Снеже е таа која дели совети и ги мотивира фановите да вежбаат пилатес или да излезат на прошетка, овојпат тие ја советуваа како полесно да ја совлада техниката за скокање на јаже.

Кога се работи за Снеже јасно е дека нема да и биде тешко и нема долго да и треба да ја совлада оваа техника и за кратко да стане професионалец.

Со оглед на коронакризата и заострените мерки Снеже ги користеше социјалните мрежи за да ги мотивира сите да останат фит и дека може да се вежба и дома, па така секое утро објавуваше видеа со вежби.

ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Таа реши да се повлече од медиумите и да биде фитнес инструкторка, а како што кажа во една прилика салата за вежбање и станала втор дом, но во едно интервју за „Репортер“ Снеже раскажа за загубата на нејзината добра пријателка Ирина Митевска, поради која го засака пилатесот.

Пилатесот е мојата љубов и енергија и останувам во таа приказна. Јас бев дел од тимот на Ирина заедно со неа и другите инструкторки, по нејзиното заминување се реорганизираме во однос на тренинзите и продолживме да ја шириме нејзината идеја и љубов кон пилатесот и вежбањето воопшто. Затоа што таа тоа го заслужува. Ирина сè уште живее, во секоја сала на „Пауер хаус“ е присутна нејзината енергија, секоја вежба носи дел од нејзината мисија, секое нејзино спомнување е насмевка и благодарност што ја споделила со нас, нејзината умешност да активира и мотивира луѓе да сакаат да вежбаат. Недостига нејзината неверојатна досетливост да направи неверојатни кореографии од вежби, недостига нејзината насмевка и несопирлива енергија. Недостига и тоа не се преболува.

ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Вели дека ако се сака се сè може, па одлично се снаоѓа и како сопруга и мајка.

Ако се сака, се може. И тоа не е ништо страшно, ние жените сме создадени за мултитаскинг. Односно повеќе работи во исто време. Знаете како велат, жената е немоќна само во еден момент, а тоа е додека ѝ се суши лакот на ноктите од рацете, во сите други случаи знае, може и умее да најде решение.

Најважно е да имаш на кого да се потпреш, односно да имаш вистински луѓе до себе кога ти е најпотребно, тука мислам на најблиските. Сопругот, мајка ми, свекрва ми и една тетка Тиле без која не би успеале да функционираме во овие 8 години, рече Снеже за „Репортер“ и додава:

ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Мојот сопруг Дарко е тој кој всушност го носи најголемиот товар. Ми ја трпи еуфоријата од добро сработените нешта, нервозата ако нешто не успеам, па депресијата од неповолните периоди.

Снеже ужива да готви и вели дека тоа ја релаксира и ја прави среќна.

Со сопругот Дарко е во брак од 2006 година и со него ги има синовите Дарин и Ален за кој во интервју за Женски магазин има изјавено дека се различни со изглед и карактер, но дека заеднички ја делат љубовта кон патувањето, иако приватноста си ја задржува за себе и не споделува многу фотографии од семејството.

ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Сепак доколку ви е потребна мотивација за вежбање или да се одлучите да започнете некој предизвик или да зготвите нешто доволно е само да го отворите Инстаграм профилот на Снеже.

ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм
ФОТО: Снеже Велков/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button