Снајди се, па живеј – погледнете што направи Панчо ДНК за да ѝ парира на македонската убавица
Панчо ги засмеа сите со овој потег.

Оние кои приватно го познаваат Владимир Блажев во јавноста познат како Панчо ДНК за него велат дека е голем хуманитарец и човек со големо срце.
Впрочем, тоа се докажува по многуте хуманитарни настани во кои учествува и ги организира.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Еден е од ретките кои секогаш умеат одлично да примат шега на своја сметка, а и самиот тој знае понекогаш да каже некоја шега за себе.
Со децении наназад заедно со својот колега, а воедно и најдобар пријател Андреј Ѓорѓиески се дел од дуото ДНК.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката
Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Доста се активни на музичката сцена и постојано објавуваат новитети.
Токму затоа имаат и добра причина да гостуват на македонските емисии.
Панчо деновиве беше гостин во утринската програма на Канал 5 телевизија.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Средбата со водителката Вера Мештеровиќ мораше да биде овековечена со фотографија.
За да ѝ парира на некогашната мисица Вера, Панчо мораше да се качи на столче.
„Снајди се, па живеј“, напиша Панчо во опис на фотографијата.