Реклама
Вирално

Славниот виролог соопшти одлични вести: Се знае терминот кога ќе почне вакцинацијата ширум планетата

Реклама

Оксфордскиот виролог Роб Ламкин – Вилијамс тврди дека Велика Британија е многу блиску до крајната фаза од развојот на вакцината против ковид-19 и се надева дека со вакцинацијата ќе може да се почне пред Божиќ.

„Со оглед на тоа дека во тек е големо клиничко испитување, групата во Оксфорд се надева, иако сè уште нема никакви гаранции, дека првите вакцинации ќе почнат пред Божиќ. Вакцината веќе се произведвуа на неколку локации во Европа и Америка, и што е најважно, во Серум институтот во Индија. Значи, веќе е во тек глобално производство на вакцини, кои ќе бидат употребени доколку клиничките испитувања се покажат успешни“, рече Вилијамс.

Маркетинг

Тој додаде дека моментално во испитувањето се вклучени голем број здрави луѓе од сите возрасти.

Маркетинг

„Не можам точно да кажам кои се најстарите испитаници, но ги има од исклучително различни групи. Јас сум асматичар, па и самиот припаѓам во таа ризична група. Станува збор за широка статосна група од околу 10.000 луѓе, вклучени во оваа студија. Првиот бран слабее. Вториот бран нè очекува во септември, но во Бразил излезе од контрола, така што во студијата се вклучени околу 5.000 луѓе во Бразил“, рече британскиот научник.

Тој вели дека моментално во тек е производство на две милијарди вакцини, од кои пола милијарда се правaт во Индија.

Тамошниот Серум Институт е високо акредитиран и годишно произведува огромни количества вакцина против грип, која како што наведува Вилијамс, глобално се дистрибуира.

„Значи, не станува збор само за Британија. Ова е глобално. АстраЗенека е британска компанија, но поседува производствени погони ширум светот и сите работат на производство на вакцини“, наведе Вилијамс.

Говорејќи за безбедноста на идната вакцина, британскиот експерт уверува дека нејзината безбедност не е компромитирана.

„Една од предностите на оксфордската група, која е водечка од 23 тимови кои сега моментално вршат клинички испитувања, е во тоа што претходно работеше на слична вакцина за сличен вирус, кој предизвикува МЕРС или Блискоисточен ресипираторен систем. Значи, скелетот на развојот на вакцината и нејзината безбедност веќе постоеја во извесна мерка. Значи, тука станува збор за прилагодување на постоечката вакцина на новиот вирус. Значи, веќе се преземени многу безбедносни мерки и тие продолжуваат и сега“, истакна Вилијамс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button