CelebrityНовости

Славната пејачка родила син на 16 години, а 10 години и било забрането да го види – конечно се сретнаа!

Advertisement

Пејачката Тања Савиќ е топ тема во медиумите поради борбата за синовте Џорџ и Максим.

Advertisement

Тања не единствената пејачка која го имала овој проблем. Покрај неа во слична ситуација била и пејачката Тина Ивановиќ која не можела да го види својот син 10 години.

Таа својот син Даниел го родила на 16 години.

Advertisement

– Само јас знам колку ми беше тешко во тој период. Многу патев. Кога требаше да го видам своето дете, поранешниот сопруг и неговото смеејство не ми дозволуваа. Никогаш од него не се откажав.

Па која мајка не би сакала да биде со своето дете? Не можам да ви набројам колку пати со автоммобил сум поминувала покрај куќата и го чекав.

Еднаш ми пријде додека возеше велосипед. Не знам дали се сеќава на тоа, беше многу мал, имаше четири години.

Му пријдов и му реков дека јас сум неговата мајка и му дадов пари. Забележав дека беше збунет и гледаше во капијата од куќата во која живееше.

Две години по разводот отидов да работа во Германија и редовно плаќав алиментација. Така беше до 2005 година кога конечно се сретнавме, открила Тина во нејзината потресна исповед.

Таа раскажала и дека денес со Даниел има изградено убав однос, но никогаш не размислувале да живеат заедно.

Тина ретко објавува фотографии од синот, но во една прилика го направи тоа што предизвика големо внмание кај нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Многумина и порачаа дека нејзиниот наследник личи на неа, што мислите вие?

Се надеваме дека и кај Тања Савиќ оваа драма ќе има убав крај и што побрзо ќе си ги сретне и прегрне своите деца.

Погледнете уште неколку фотографии од српската пејачка Тина Ивановиќ:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button