Реклама
Наши ѕвезди

Скопска свадба: Гостите си ги бараат пликоата назад, младоженецот во издание какво не сте виделе

Нивната љубов ја славеа и познати имиња од нашата естрада, а некои од нив решија и да се пошегуваат на сметка на младоженецот и невестата

Реклама

Парот прво се венчаше во црква, а потоа следуваше луда и незаборавна прослава во еден луксузен ресторан за свадби.

Инфлуенсерот Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис, и неговата поубава половина, Вики Дојчиновска, направија голема свадба на која беа присутни многу познати лица.

Тие добија голем број коверти од гостите, а стендап комичарот Бојан Велевски и водителот Марко Новески решија малку да се пошегуваат.

Маркетинг
Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Имено, тие објавија фотографија со порака на картон на која пишува „Не е сé во парите“, а потоа познатиот комичар додаде:

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

„Пошо не е сé у парите, Бомбакис дај пликот назад“, му порачаа Бојан и Марко на младоженецот преку Инстаграм.

Маркетинг
Фото. Инстаграм/ Бојан Велевски

Оваа објава насмеа многумина на социјалните мрежи, а како беше на свадбата за која зборуваат сите, погледнете во продолжение.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Парот се венчаше вчера

Тие најпрво направија црковна венчавка, а потоа во еден луксузен скопски ресторан за свадби направија луда журка.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Свадбата беше многу весела, а пред гостите во еден момент запеа и познатиот македонски фолк пејач Спасен Силјаноски.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Бомбакис и неговата сакана со голема љубов ја организираа свеченоста, а гостите цела вечер одлично се забавуваа.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Невестата блескаше во венчаницата што ја носеше, но и младоженецот кој ги изненади сите со својот необичен костум.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Имено, тој на свадбената церемонија се појави во сив костум со интересен дезен, кој го носеше во комбинација со бели патики.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис
Фото. Инстаграм/ Бомбакис
Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Како изгледаше првиот танц, но и дел од веселата атмосфера во која сите гости си поминаа одлично, погледнете во продолжение:

Фото. Инстаграм/ Бомбакис
Фото. Инстаграм/ Бомбакис
Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Свечената прослава беше организирана во еден познат ресторан за прослави, а за време на првиот танц новопечениот брачен пар на песна од Тоше Проески разменуваше нежности како да нема никој во близина.

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Потоа следуваше фрлање на бидермаерот на убавата невеста и малку пооткачена атмосфера, а во еден момент и самиот младоженец се фати за микрофонот.

Повеќе детали од свадбата погледнете во продолжение:

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Фото. Инстаграм/ Бомбакис

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button