Новости

„Си ги истетовирав белките на очите во сина и виолетова боја за да ИСКОПИРАМ инфлуенсерка – полека ослепувам“

Advertisement

Мајка на пет деца призна дека жали што не го послушала предупредувањето на нејзината седумгодишна ќерка дека би можела да ослепи ако ги истетовира белките на очите – затоа што сега го губи видот.

Advertisement

Студентката по право, Анаја Петерсон, инспирирана од „синоокиот змеј“ Амбер Лук, австралиска манекенка која ги обои белките на очите во сино во 2019 година – пред да ослепи привремено три недели.

Анаја, која има 32 години и е од Белфаст, била хоспитализирана и се соочува со трајно слепило по сомнителна реакција на мастилото на белките.

Мајката, која исто така има поделен јазик и тетоважи на лицето, сега вели дека посакува поинаку да постапела.

Таа ја истетовирала десната белка во сино во јули 2020 година и покрај тоа што се справувала со главоболки и суви очи како „дел од процесот на заздравување“, одлучила да го обои и левото око во виолетова боја во декември истата година.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин

По неколку месеци без компликации, Анаја била шокирана што се разбудила во август минатата година со „отечени“ очни капаци и отечена и изгледала како да имала борба со Мајк Тајсон.

Бидејќи што отокот продолжил да се влошува и одело на полошо, Анаја се прегледала во болница, откако ни препишаните антибиотици не направиле ништо за да се намали големото воспаление.

Анаја кажала дека нејзината ќерка Индија никогаш не ја прифатила необичната тетоважа, и се плашела дека нејзината мајка „ќе ослепи.

ФОТО: Принтскрин

Анаја рече: „На почетокот само требаше да направам една тетоважа на окото бидејќи мислев дека ако ослепам, барем ќе го имами другото око. Требаше да останам на тоа.

„Ќерка ми ми кажа дека не сака да го правам тоа прашувајќи: „Што ако ослепиш?“ Воопшто не го прифаќаше тоа.

Офталмолозите ѝ рекле на Анаја дека сега е изложена на многу висок ризик да заболи од глауком, а нејзиниот вид веќе се влошува.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button