Реклама
Наши ѕвезди

Сите ја прашуваат „Кога дете?“ – македонската пејачка возврати на ваквите коментари

Некогашната македонска пејачка им одговори на сите што ја прашуваат дали е бремена и кога планира дете.

Реклама

Зои воврати на коментарите кои ги добива на социјалните мрежи.

Зои Блажевска или во јавноста позната како Зои Блаж својата кариера ја започна како пејачка.

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

Во неа се кријат многу таленти, а еден од нив е и талентот за шминкање, кој го усовршила.

Маркетинг

Зои сепак се одлучи за нешто трето, па денес е една од најдобрите инфлуенсери кај нас.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

Активна е и на Инстаграм и на Тик Ток, а на нејзините профили може да видите многу совети за мода и убавина.

Зои е неколку години во брак со поранешниот ракометар на Металург, Словенецот Тадеј.

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

Поради љубовта Зои ја напушти Македонија и одлучи да го следи својот сакан каде и да живее.

Во моментов живеат во Германија, во градот Зул, но како што соопшти на Тик Ток веќе се во процес на селење, но не откри каде.

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

Бидејќи е долго време во брак, Зои честопати добива прашања од типот: „кога дете“, „дали си бремена“, „кажи ни нешто за стомачето“, „зошто те нема, сигурно си бремена“.

Токму затоа инфлуенсерката одлучи да им одговори на љубопитните и да ја каже вистината, воедно потенцирајќи дека воопшто не е културно да се поставуваат вакви прашања.

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

„Ова е тема којашто е интимна и којашто можеби некој ќе повреди. Не сум бремена, кога ќе бидам бремена ќе ви кажам, со најубави фотографии и видео. Не сакам погрешно да ме разберете, но престанете да ми го поставувате тоа прашање, поради тоа што сум само поправена, имам хормонален дисбаланс. Ме нема затоа што се селиме. Ви снимам видеа, ќе може да ги гледате во наредниот период. Гледам да бидам културна и да не одговарам дрско на овие прашања. Гледам да ги одбегнувам прашањава. Но, не треба да пишувате никому вакво нешто бидејќи можеби некој се бори да има дете, можеби некој не може да има дете, можеби некој не сака да има дете. Јас можеби сум една од овиеработи кои ги кажав. Ве замолувам да не ми пишувате веќе вакви прашања“, кажа Зои.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

ФОТО: Инстаграм / Зои Блаж

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button