Познатите фолкери како вљубени тинејџери.
Иако се долги години во брак на нивната љубов им завидуваат многумина.
Тие важат за најскладен пар на естрадата. Секогаш си се поддршка еден на друг и најголема помош за сè што треба.
Татјана Лазаревска и Новица Василевски во потрага по подобар живот за себеси и пред сè за децата, заминаа да живеат во Мелбурн, Австралија.
Заедно со синовите Стефан и Петар во 2015 година заминаа во далечната Австралија, каде денес судејќи според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи, живеат одлично.
Деновиве Татјана сподели видео и неколку фотографии со својот сопруг, а повеќе од евидентно е дека тие уживаат во својата љубов и за разлика од многу парови кои се долги години заедно, знаат како да се забавуваат.
Тие двајцaта шетајќи по пристаниште се држеа за раце танцуваа, а во еден момент Новица се обиде да ја крене Татјана во раце, па иако не успеа слатко се изнасмеаја.
Насмеана Татјана позираше покрај вода, па напиша:
– Вие сте автор на вашата сопствена среќа, останува на вас да одлучите секое утро да имате среќен ден-напиша таа на Фејсбук.
Тања и Новица прават неверојатна атмосфера каде и да настапуваат.
Пејачката може да одржи лекција на сите нејзини помлади колешки. За загарантиран успех на музичката сцена најдобро е да го следат нејзиниот пример.
Таа исто така ја одржува својата витка линија со години, па може да ѝ позавидат и девојките.