Сите гледаа во неа – познатата актерка ни одржа лекција како да изгледаме на црвениот килим
Na Baby2Baby Gala забавата во „Кулвер сити“ секоја година се собираат бројни познати личност, а покрај хуманитарниот карактер, во центарот на вниманието се и свечените тоалети со кои познатите убавици се појавуваат на црвениот килим меѓу кои овој пат посебно внимание привлече Џесика Алба.
Актерката и сопственичката на The Honest Company заблеска во сензационален црн фустан со сјајни детали и ефектни „пуф“ ракави од тил. Во прашање е креација со потписот на модната куќа Валентино која на познатата холивудска убавица и стоеше феноменално и на еден децентен начин ги истакна нејзините атрибути и ја остави без конкуренција. Џесика целото издание го заокружи со елегантни обетки, прстени и златна плико чанта, додека на лицето имаше децентен „make-up“ а нејзината коса беше врзана во ниско опавче.
Погледнете како изгледаа и некои од останатите дами …