Син на мајка: Соња Тарчуловска се топи покрај него – тој ѝ е најголема гордост
Македонската пејачка се топи покрај својот син.

Младен ја направи горда својата мајка.
Пејачката Соња Тарчуловска долги години е во среќен брак со политичарот Јохан Тарчуловски.
ФОТО: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Плод на нивната љубов се нивните три деа Мелани, Младен и Јоана.
Нејзината музичка кариера извесно време беше на пауза и целосно беше посветена на своето семејство.
ФОТО: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
На радост на фановите таа повторно се врати на музичката сцена и настапите.
Активна е и на социјалните мрежи и често споделува фотографии од нејзиното семејство.
ФОТО: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
На нив може да се види дека Соња и Јохан обожаваат да патуваат и да посетуваат нови дестинации.
Сепак најубаво поминато време им е времето поминато со нивните деца.
ФОТО: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Мелани тргна по стапките на својата мајка и веќе реди успеси во својата музичка кариера. Младен пак е доста успешен во фудбалот, а неговите родители се максимално горди на него.
Соња сподели фотографија направена на еден од натпреварите на кои играше Младен и ги воодушеви сите.
ФОТО: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Насмевката на нејзиното лице кажува сѐ.
„Син, искрена љубов, горда мајка“, стои во описот на фотографијата.