Реклама
Наши ѕвезди

Синот на Војо Стојаноски денес ја крстеше ќеркичката – погледнете кој му беше кум, ќе се изненадите

Нашиот познат пејач ја крстеше својата наследничка

Реклама

Младиот македонски фолк-пејач Дамјан Стојаноски ужива во среќен брак со сопругата Елена со која го има две деца.

Дамјан и Елена во 2020 година го добија Војдан, а минатата година си добија ќеркичка на која и го дадоа името Јана.

Пејачот и неговата сопруга сега направија и крштевка за нивната наследничка, а кум им беше хармоникашот Мишел Трајковски.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Крштевката беше направена во црква, а фотографија од обредот на својот профил објави кумот кој воедно е и добар пријател со Дамјан.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Мишел Трајковски

Кумот Мишел ја држи во рацете слатката Јана која за оваа специјална прилика беше облечена како мала принцезичка.

„Најсреќна крштевка на нашата Јана Стојаноска. Да ни бидеш жива здрава и бог да ти ги подари најголемите убавини на светот. Те сака кумот“, напиша кумот Мишел под фотографијата.

Фото: Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Веднаш почнаа да пристигаат бројни честитки од пријателите и нивните фанови, а на церемонијата присуствуваа само најблиските, како би можеле да ја сочуваат приватноста на еден ваков момент само за себе.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Дамјан е син на легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски и новинарката Евица Камберова-Стојаноски.

Фото: Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Неговиот татко беше еден од најпознатите пејачи на народна музика, а почина во 2014 година, кога Дамјан имаше само 18 години.

Фото: Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Дамјан заврши Музичка академија и продолжи по стапките на својот татко, а денес заедно со братучедите Влатко и Златко Миладиноски важат за едни од омилените музичари од помладата генерација.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тие се поприлично познати и кај нашите иселеници во дијаспората, а за нивните настапи секогаш се бара влезница плус.

Како овие млади и талентирани музичари звучат кога ќе се спојат, погледнете и слушнете на следниот линк

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button