Реклама
Вирално

Сините очи се опеани во многу песни: Еве зошто толку се посебни синооките луѓе

Реклама

За очите со боја на небо отсекогаш постоела културна опсесија, за нив се пишувани песни и се славела нивната единствена убавина.

Сите емоции и скршена срца на страна, многу може да се научи, не само за сините очи туку и за луѓе кои низ нив го гледаат светот. Било да се работи за чудни научни факти, поврзани здравствени состојби или само за обична генетика, оние со сини очи многу се разликуваат од оние со кафеави очи.

Маркетинг

Никој на светот нема иста боја на очи како и ти. Ако имаш доволно среќа да имаш очи со боја на небото, уште се попосебна зошто како што се утврди, синооките чуѓе може да поседуваат вистински „супермоќи“.

Маркетинг

Невозможно е да не се остане фасциниран од убавината на азурните очи, но што ги прави толку посебни?

Сините очи всушност не се сини

Не постои син пигмент во очите. Повеќето од човечката раса кафеавите очи ги добива од меланинот – пигмент кој е одговорен за бојата на очите. Но што се однесува на сините очи, тие бојата ја добиваат како резултат на рефлектирана светлина. Тоа е истиот трик поради кој океанот и небото изгледаат сини.

Може да ја менуваат бојата

Сините очи може да бидат со различна боја, зависно од светлосните услови. Тоа се случува зошто сините очи добиваат боја од светлината која влегува, а потоа ја рефлектираат назад. Исто така може жената со шминка да направи сините очи да изгледаат посветли или потемни.

Сите синооки луѓе имаат исти предци

Тим научници од универзитетот во Копенхаген откри дека сите луѓе со сини очи може да бидат во роднинска врска. Пред околу 6.000 до 10.000 години сите имале кафеави очи, но во некој момент генот која го контролира нивото на меланин всушност мутирал. Оваа мутација го ограничила количеството на меланин кое сме можеле да го прозиведеме и “ги разредила“ кафеавите очи на сино. Сите синооки луѓе го наследиле овој генетски „прекинувач“ на потполно исто место во својата ДНК.

Сините очи се многу ретки

Повеќето луѓе имаат кафеави очи, додека само 8 до 10 имаат доволно среќа да имаат азурно сини очи. Според светскиот атлас, повеќето синооки луѓе живеат во Европа, а Финска има најголем процент со синооки луѓе.

Многу бебиња се родени со сини очи и подоцна бојата им се променила

Кога ќе се роди детето, не може да се каже каква боја на очите ќе има кога ќе порасне. При раѓањето бебињата немаат меланин во шареницата – дел од окото кое ја дефинира бојата на очите. По шест месеци, гените на бебето одредуваат колку меланин ќе има во шареницата. Зависно од тоа, очите може да останат сини или да станат сиви, зелени или кафеави.

Синооките луѓе се чувствителни на светлина

Ако ти се сини очите, мора посебно да внимаваш кога ги штитиш од сонце. Офталмолозите веруваат дека луѓето со сини очи се чувствителни на светлина. Бидејќи сините очи немаат доволно пигмент кој впива светлина може да помине низ ирисот и да го оштети окото.

Синооките луѓе подобро ја поднесуваат болката

Луѓето со светли очи имаат доволно среќа да имаат поголема толеранција на болка од луѓето со потемни очи. Истражувачие од Универзитетот во Питсбург анкетирале 58 бремени жени и откриле дека жените со сини или светло зелени очи чувствуваат помалку болка и дека подобро се носат со породувањето од другите. Научниците веруваат дека гените поврзани со меланинот може силно да влијаат на толеранцијата на болка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button