Реклама
Интервју

Симона изработува весели чадори што ќе ве натераат да го засакате дождот

Реклама

Гламур интервју со Симона Јовчевска-Зајец

„Кој си носи чадорче не наврнува“…, а ако е уште и пркерaсно нацртан и носи убaва порака тогаш дефинитивно ќе го украде вниманиетo на многуте минувачи низ скопските улици…Оваа МАГИЈА  е дело на Симона Јовчевска-Зајец, а на нејзиниот инстаграм профил можете да видите интересни украсени чанти, весели чадори, на кои нема да останете рамнодушни.

Накратко кажи ни која е Симона Јовчевска, со што се занимава покрај креативното хоби?

Од најмали нозе следејќи го инстинктот во мене, најмногу ме влечеше музиката. Од 6 годишна возраст се запишав во нижото музичко училиште во Битола. Од тој момент како да го имав определено мојот професионален живот, без нималку размислување продолжив во средно музичко, на отсекот соло – пеење кај професор Пеце Митревски, и секако заради стручното средно мојот животен пат продолжи и на Факултетот за музичка уметност, и дипломирав на оперско пеење во класата на професор Весна Гиновска Илкова. По дипломирањето со помош на мојата професорка имав можност волонтерски да бидам дел од хорот на НОБ, и по извесен период се вработив и мојата примарна професија е хорист во Националната опера и балет.

Маркетинг

Симона од каде ја доби идејата и желбата за цртање и изработка на чанти, облека, накит…?

Тие нешта веројатно ги носите во себе. Самиот талент што тече најверојатно низ вените, и сета таа креативност ве поттикнува да го извадите тоа од себе. Тие нешта ме следеа од дете, но сепак живеејќи во едно поинакво време, тоа беше за мојот затворен круг, за себе и моите најблиски. Со текот на годините сета таа креативност протекува на поинаков начин, вреднувањето, користење на способностите и како начин за егзистенција, нормално веќе во светот на возрасните сите тие таленти, стануваат една лична карта и профил со кои една личност ако добро ги усмери и канализира може секогаш да му се во полза.

Маркетинг

Кога влегов во мојот стан, единствен желба ми беше, да нема место каде што нема да се видам себеси, така да прво беа ѕидовите кои што беа мојот одраз во домот. Сега за сега, тука останува на тој начин на цртање и изразување, веројатно заради сите обврски кои во моментот ги имам. Но, секогаш сум со отворен поглед кон се, така да може еден ден ќе започне и таа магија..

Твоите чадори се вистински хит низ градот. Имаат уникатни пораки и цртежи. Дали клиентите ти оставаат одврзани раце или стрикно работиш по нарачки?

Тука оставам простор и да ги инспирирам и да ме инспирираат, взаемно е. Сакам луѓе кои ќе ме стават на голем предизвик, заради тоа што само на таков начин можам да извлечам многу од себе.

Обајни ни што е потребно за нивна изработка, со какви бои работиш и колку време ти е потребно?

И тука е вклучен еден процес на истражување, специфичноста да се црта на чадор, бара и бои кои ќе бидат соодветни на временските услови.. Дожд.. Снег.. Па и сонце :).. И тоа е еден процес, на почеток ми преставуваше проблем, и се плашев да не стане кочница за оваа магија. Но не сум човек кој се откажува, најдов соодветно решение, и еве, полека се шири таа убава магија низ улиците.

Постои ли некој цртеж кој навистина ти бил предизвик и тежок за изработка и зошто?

Ух.. Ги има повеќе.. :) Тежината првенствено доаѓа од таа нерамна површина која ја има чадорот.. Мора да сте многу прецизни во се, една погрешна црта, и се добива поинаков израз. Другата тежина е што цртам од мојот инстикт, немам уметничко школо, кое веројатно многу би го олеснал целиот процес, така да со секој предизвик имам можност да се откривам и самата себе :).

Работиш во „Националната опера и балет”, како ги комбинираш работните обврски со твоето хоби?

Ова хоби некако ми ги ” украде” часовите кога треба да спијам, тоа е ноќното време. Заради сите обврски кон НОБ, член во музичко – сценската група “ТРИАНГЛ”, со која активно работиме детски претстави и настани, мајка на две дечиња.. Така да единственото време е ноќта…

Тоа време некако легнува цел тој хаос што го носи денот, и се создава една атмосфера каде што може да се твори…

Дали може од ова хоби добро да се заработува?

Тука најчесто доаѓам во конфликт и со моите најблиски пријатели.. Најчесто сум советувана дека не ни го наплаќаат добро она што го работам, но јас сите тие нешта ги гледам од еден друг прозорец. Знам каде живееме, и знам која ни е финансиската моќ. И да иако глобалната идеја е во уникатноста да уживаат само оние што можат да ја платат, јас живеам со еден друг порив.. Парите уништија доволно во светот, начинот на живеење, и доволно ги украдоа животите на луѓето.. Ако ги инволвирам парите пред се, магијата ќе престане да се шири, а јас не можам да живеам без луѓето кои неисцрпно ми ја даваат поддршката, и нивната желба да имаат дел од мене.. Ако ставам цена на еден чадор со седум портрети со некоја “реална” сума, пред се јас никогаш нема да можам да се видам себе си дека можам да го направам тоа, а од другата страна ќе имам едно тажно лице што никогаш нема да може да си го овозможи..

Дали некој од Вашите уникатни чадори е „прошетан“ по скопските улици од некоја позната личност?

Ова малку ме замисли.. Има во фелата на класичните уметници, кои за жал кај нас не се толку „звучни” во општеството. Но ако треба да одговорам на естрадни уметници, засега не :) …

 

За сите заинтересирани читатели кажи ни каде може да се нарачаат и купат овие прекрасни чадори и чанти?

Можат да ме најдат на моите профили на Фејсбук Симона Јовчевска Зајец, мојот работен профил на ФБ Simona Petrovska Zajec, и мојот Инстаграм профил Simona. Jovevska

Кои се Вашите планови во иднина?

Мојот единствен плат за се во животот е да се шири таа магија на среќа, љубов, мир и спокој во себе. Се друго е пропратно да го надополнува сето тоа.

Подготви: Берта Мартиноска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button