Се славеше во домот на Тања Кочовска: Таа и сопругот највесели – погледнете колку уживаат
Прекрасна причина за славење имаше во домот на македонските актери.

Тања и Предраг уживаат во љубовта и после долги години брак.
Иако сѐ започнало на шега, овој пар и денес парот живее сложно и ја одржува својата љубов.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски веќе 28 години се вистински пример за сите парови како се негува и одржува љубовта.
На нивните социјални мрежи ќе видите фотографии кои освен што ќе ве насмеат, ќе ви ја доловат атмосферата во нивниот дом, каде секогаш е динамично и весело.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има синот Александар, а плод на љубовта меѓу неа и Предраг е ќерката Нела.
Во своите интервјуа Тања има истакнато дека тие дома фунционираат како најдобри пријатели и знаат сѐ едни за други.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Сите проблеми во ова семејство се решаваат со долги разговори.
Изминатиов период во нивниот дом има постојано убави причини за славење, бидејќи нивните родендени се блиску еден до друг.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
За роденденот на Предраг, Тања сподели нивно заедничко видео на кое тие танцуваат и уживаат во моментот.
„Играњево негово не може да се пофаќа. Среќен 56-ти Пеѓо“, напиша Тања во опис на видеото.