Реклама
Наши ѕвезди

Се славеше во домот на Ламбе Алабаковски-музиката ја стави во мирување и замина во Америка, а еве што работи сега

Реклама

Познатиот пејач веќе подолго време помина откако замина од Македонија, а сега имаше убав повод за славење.

Ламбе Алабаковски иако одамна не е присутен на македонската музичка сцена, често може да видиме по некоја објава од него на социјалните мрежи, а овојпат тој објави фотографии од неговиот помал син кој наполни една година.

Маркетинг

Малиот Димитриј со торта пред него и роденденска капа позира покрај базен а зад него пишува една. Една година исполнета со љубов за Ламбе и неговото семејство.

Иако важеше за миленик на понежниот пол и беше вистински заводник, а и доста успешен во кариерата тој сепак реши да остави сè и да замине во Америка каде наместо со пеење и музика се занимава со нешто сосема поинакво.

Маркетинг
ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

Тој е оженет со Магдалена со која го имаат синот Михаил и Димитриј и живеат во Детроит, САД.

Тој успешната музичка кариера ја замени со улогата на горд и грижлив татко, а тоа можеме да го забележиме и од социјалните мрежи на кои неретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека ужива максимално во семејниот живот заедно со неговите синови.

ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

Сојата сопруга ја запроси на празникот Голема Богородица пред манастирот „Свети Јован Бигорски“.

Во интервју за „Женски магазин“ Ламбе откри дека не ја напуштил музичката кариера целосно, туку дека е ставена во мирување.

ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

– Музиката е во мене таа не може да ми фали, но естрадата и сцената публиката се незаменливи и ми фалат, но не дека жалам или слично, рече тој а „Женски магазин“ и додаде:

-Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија, рече Ламбе во интервјуто.

ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

-Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер, откри Ламбе во интервјуто за „Женски магазин“

Момчето од „М2“ кое се прослави со песната „Спаси ме“ денес изгледа поразлично од своите почетоци, па ретко кој би го препознал.

Тој уште од мали нозе покажувал интерес за музика, но стана познат откако победи на „Плеј потрага по ѕвезди“ во 2004 година, а подоцна учествуваше и на неколку македонски фестивали и сними неколку песни кои станаа вистински хитови.

ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

Во соработка со Џокси, тој ја сними и песната „на Велигден“ која е голем хит,а неодамна и самиот тој се потсети на тие моменти и песната ја објави на својот фејсбук-профил.

Ретро снимката собра еден куп лајкови и позитивни коментари.

ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button