Наши ѕвезди

Се сеќавате ли на најзгoдната пејачка и танчерка на целиот Балкан? На социјалните мрежи покажа целyлит и многу сaло на стомакот

Advertisement

Со овој чекор ги воодушеви сите

Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ

Хрватската пејачка и танчарка Лана Јурчевиќ (35) која во музичкиот свет е попозната како Ла Лана, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое покажа дека има сало на стомакот и целулит на бутовите, но со цел на жените да им испрати порака за поддршка

Advertisement

Таа во видео им порача на жените дека не треба да се срамат од своите несовршености и дека треба добро да се чувствуваат со нив. Таа потоа објави и фотографија во костим за капење на која покажа дека и таа има целулит на нозете како и многу други „нормални“ жени.

Лана видеото го започна со следниве зборови:

„Знам дека не е некоја важна тема, но јас се ‘засвинчев’ и имам многу целулит. Цел живот се занимавав со спорт и бев фит, се беше на свое место, не ми требаше фотошоп. Во свет во кој совршеностите беа неопходни за успех, верувам дека токму несовршеностите денес се она што не прави да бидеме стварни и блиски до вас што не читате“, порача Лана, а во продолжение прочитајте го и останатиот дел што таа го кажа.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/CDdzR8FnUUM/?utm_source=ig_embed

„Можеби дури е и полошо, бидејќи секогаш илјадници очи те гледаат. Иако сто пати скришум ме снимале и фоткале на плажа (тоа никогаш не ми било непријатно, но повеќе затоа што немав приватност), но оваа година (за ден и пол од летувањето), ми беше незгодно.“

„Бидејќи, леле, каква ќе испаднам на сликите…“

„Немам контрола на тоа, ме снимаа од базен, па на лежалките, ги имаат моите снимки во телефоните и кој знае каде заврши тоа.. Тогаш ми пукна филмот и решив да го снимам ова видео. Бидејќи знам дека ве има на стотици илјади кои го имаат тој проблем. Не се чувствуваме доволно добро во своја кожа. Срам ни е понекогаш. А некогаш и често. Можеби сме реални во проценката, можеби не, но еј, тоа е моја кожа.“

Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ

„Единствена која што ја имам. Барем е мазна ако ништо друго :)“

„Сакам ли да го менува тоа? Сакам. Но не за да им угодам на некои, туку на СЕБЕ. Сакам да му се посветам повеќе на здравјето, организмот, да вежбам.. а тоа само по себе носи резултати. Во естетска смисла. До тогаш – ајде да се прифатиме онакви какви што сме и едноставно да си дозволиме да здивнеме без да чувствуваме грижа на совеста. Треба понекогаш и на самите себеси да си простиме…“

Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ
Фоѕто: Инстаграм/ Лана Јурчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button