Се размислиува да се затворат моловите, нема влез и излез во Дебар…Ќе биде ли прогласена кризна состојба ?
Mинистерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако денеска биде утврдено моловите се место каде се собираат голем број луѓе, тогаш ќе размислиме да се затворат моловите.
Што е кризна сосотојба.Според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата денеска ја воведе во Дебар и Центар Жупа поради состојбатата со корнавирусот во двете општини каде што досега се заболени седум лица.
Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.
Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување.
Воедно сообраќајната полиција од Прилеп ќе ги контролира влезовите и протокот на патници во градот од општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница како превенција од зараза со коронавирусот.
Министерот за здравство, изјави дека мора да се почитуваат мерките. Ова воошто не е шала, се работи за здравјето и животот на сите нас. Има фаза на болеста кога и човек да е заразен, а да нема никакви симптоми, фазата на инкубација. Мора да се луѓето свесни. Тоа е клучот на застанување на патот на ширење на вирусот.
Средства за дезинфекција е делотворно и многу практично доколку немате пристап до вода и сапун, а морате да ги измиете рацете.
Како делува средството за дезинфекција на рацете?
Алкохолот ги уништува агенсите кои предизвикуваат болести. Растворите со 30% алкохол се во состојба да ги убијат патогените. Кога во нив има над 60% алкохол, ефикасно се убиваат широк спектар на бактерии и вируси. Како и да е, најефикасното решение е од 90 до 95% од содржината да е алкохол.
Уште една од предностите на алкохолот е тоа што бактериите не може да му се прилагодат и стануваат отпорни. Според едно истражување направено во 2014 година, зголемената концентрација на етанол поефикасно елиминирала три различни видови на бактерии кои предизвикуваат болести, отколку што тоа го прави миењето на рацете со вода и сапун.