Реклама
Вести

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД МОМЕНТОТ КОГА ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА (2)? Можете да видите автомобил кој… (ВИДЕО)

Реклама

Србија е на нозе, а цел регион на штрек откако вчера во близина на градот Бор исчезна двегодишната Данка Илиќ.

По неа се уште без успех трагаат околу 200 полицајци, стотици доброволци, ловци, пожарникари, горската служба за спасување, а во потрагата се вклучени кучиња трагачи, термални камери, хеликоптери и дронови, кои целото попладне веднаш по исчезнувањето, ноќеска и денеска го пребаруваат теренот околу местото каде што ја снемало. Исчезнувањето на Данка беше повод во Србија конечно да се активира системот „Најди ме“, познат како „амбер алерт“, кој овозможи за само неколку минути цела Србија да дознае за овој случај. Освен ова, на аеродромот Никола Тесла на лед-екраните има објава за исчезнато дете, а објави има и на автопатите, така што се верува дека никој не би се осмелил да ја пренесе преку граничен премин.

Маркетинг

Нејасно е како толку мало дете можело да го снема за само 15 минути, колку што и требале на полицијата да тргне во потрага. Според претставник на Горската служба дете на таа возраст може да отпешачи најмногу шест километри, но по рамен терен, а според него, теренот каде што исчезнала Данка е тежок.

Можноста девојчето да е грабнато за да се бара откуп е исклучена, зашто нејзиното семејство не е имотно. Се испитува и можноста родителите да се вклучени во исчезнувањето. Според информациите што ги лиферуваше „Блиц„ тие денеска биле однесени во полиција, каде таткото бил ставен на полиграф.

Маркетинг


На социјалните мрежи се појави видео од камерата на куќата во близина на која исчезна Данка Илиќ (2)!

На видеото се гледа како поминува автомобил и како што веќе пишувавме, полицијата на видеата не видела ништо што би помогнало во истрагата за исчезнувањето на малата Данка.

Автомобилот од видеото се движел кон семејната куќа Илиќ точно во моментот кога исчезнала Данка, во 13 часот и 47 минути.

Да потсетиме, Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, акцијата траела цела ноќ.

Таткото и мајката на двегодишното девојче денеска поминаа неколку часа во полиција и дадоа изјава во врска со исчезнувањето на нивната ќерка. Веднаш по сведочењето, на таткото му е направено полиграфско тестирање, а на мајката не, бидејќи е трудна.

По Данка трагаат од вчера попладне, а на терен има повеќе од 350 луѓе меѓу кои жандармеријата и полицијата, пожарникарите и ГШС.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button