Во Хрватска е забележан благ тренд на зголемување на бројот на децата кои се во самоизолација, рече министерот за образование и наука Радован Фукс и додаде дека состојбата сега е во ред и дека тој број изнесува дури околу 0 запирка нешто од вкупниот број ученици.
– Засега тоа е во ред и процентот на децата во самоизолација е нула запирка нешто, но немојте да ме “држите“ за збор, им одговори министерот Фукс на новинарите по седницата на владата на прашањето за бројот на децата во самоизолација од почетокот на новата училишна година, објавија агенциите.
Оцени дека засега „ситуацијата се уште е во ред во благ тренд на зголемување на бројот на деца кои се во изолација“.
Додаде и дека било очекувано дека некои ученици ќе мораат во самоизолација, но вели, дел од нив наскоро ќе се вратат во редовна настава зошто им истекува рокот од 14 дена кои требало да ги поминат во самоизолација.
На прашањето дали планира, во случај да се зголеми бројот на ученици кои треба да се во самоизолација, наставата да се спроведува онлајн, министерот потсети дека наставата веќе се одржува и на тој начин.
– Тоа е интерсно во овој модел што ги пуштивме сите три облици на настава, а оние деца кои се во самоизолација, а имаме и неколку помали училишта кои се во комплетна изолација, следат настава онлајн, истакна министерот.
Тој заклучи дека затоа е направен таков флексибилен модел кој подразбира активација на сите три облици на настава.