Реклама
Наши ѕвезди

Се играше и се пееше – еве како Блага Петреска го прослави роденденот

Македонската фолк - дива ја гази осмата деценија од животот.

Реклама

Блага го прослави роденденот во прекрасна атмосфера.

Блага Петреска за себе вели: „Голема чест и дарба од Бога е да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа со никакви пари не се купува“.

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

Истото го докажува со нејзината енергија и со песните кои што оставаат трајни вредости и остануваат да бидат македонски евергрини.

Маркетинг

Уште од многу млада се занимава со музика и уште од најрана возраст била ѕвезда во родниот Прилеп.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

Малкумина знаат дека пејачката пред да стане популарна работела и како наставичка.

„Само што завршив средно музичко училиште, имаше педагошка академија. Јас нон стоп се смеев и пеев.Таму во музичкото училиште сите велеа леле оваа учителка само пее. Учев хонорарно педагошка музичка академија. И таа професија може не беше за мене. Сакав да бидат одлични сите ученици. Сакав сите да имаат петки. Јас сум амбициозна и сакав сите да бидат амбициозни. Се каам за две девојчиња што бев построга со нив. Но, од добра намера“, раскажа Блага во емисијата „Магазин“.
И покрај многу животни предизвици, таа сепак не ја трга насмевката од нејзиното лице и секогаш е расположена и ведра.

ФОТО: Принтскрин

Иако одамна ужива во пенионерските денови таа сепак не се откажува од својата најголема љубов – музиката.

Честопати се појавува и гостува по телевизиите, а тоа го направи и за својот роденден.

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

На празникот Благовештение или Благовец, таа го прослави и именденот и роденденот, нстапувајќи во емисијат „Мерак меана“.

Опкружена со своите дрги колеи, пеејќи и танцувајќи, Блага го прослави 77 роденден.

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button