Реклама
Вирално

Се е спремно за гала прославата: Анастасија и Немања нема да прават свадба во Србија- на гостите ќе им обезбедат готвачи, приватен авион…

Ќе се мажи на крајот на декември...

Реклама

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља уживаат во љубовта.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Младиот пар неодамна направи венчавка а сега спремаат голема свадба.

Маркетинг

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што пренесуваат медиумите, наводно гала свадбата нема да се одржи во Белград.

Маркетинг

Целата церемонија наводно ќе биде организирана во Шпанија на крајот на декември кога Гудељ има пауза.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Наследничката на Цеца и нејзиниот избраник одлучија да направат една свадба која ќе биде невидено луксузна.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Од страната на Анастасија, ќе биде покането целото семејство Ражнатовиќ, нејзината мајка Цеца, тетка Лидија и нејзиното семејство, потоа Вељко и Богдана и седум-осум пријатели на Анастасија, меѓу кои ќе биде и кумата.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Гудељ исто така ќе го покани семејството и соиграчите од клубот.

Како што изјави извор близок до парот, прославата наводно ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели во Севиља, чија сала веќе е изнајмена за крајот на декември.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија организира авион за своите гости од Белград и сите ќе добијат авионски билети и неколкудневно сместување во хотелот каде што ќе се организира свадбената веселба. Се разбира, тоа не ги вклучува нејзините роднини кои финансиски можат да си го дозволат сето тоа, туку нејзините пријатели кои немаат пари за таков трошок – вели извор за Скандал.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

На таа прослава ќе направат граѓанска венчавка и тогаш Анастасија официјално ќе го земе презимето Гудељ. Како што се пишува таа веќе бара венчаница.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Тоа нема да биде класична венчаница, туку фустан кој ќе наликува на венчаница.

Додека Немања игра фудбал, таа го бира и неговиот костум за свадбената церемонија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

За време на свадбената веселба неколку пати ќе се пресоблечат, а Анастасија на располагање ќе има дури три фустани.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Што се однесува до менито, покрај традиционалната шпанска кујна, Анастасија сакала гостите од Шпанија да имаат можност да пробаат и српска кујна, па неколку дена пред венчавката од Белград во Севиља ќе заминат двајца готвачи кои ќе се занимаваат исклучиво со подготовка на храна.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Семејствата Ражнатовиќ и Гудељ не се мешаат во свадбената организација на младенците, но наводно пред неколку дена добиле известување дека немаат никакви планови за крајот на декември и планираат да се соберат и да ја прослават свадбата на Анастасија и Немања.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button