Реклама
Наши ѕвезди

Семејството на Цаноски имаше причина за славење – им пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Честитки не престануваат да се нижат, Цаноски имаа неколку причини за славење.

Реклама

Синот на познатиот бизнисмен Фијат Цаноски се огласи на социјалните мрежи и јавно им ги честиташе родендените на својата мајка, на баба му и неговата роднина.

Се чини дека 15 јуни е навистина среќен ден за ова семејство.

Бизнисменот и сопственик на Универзитетот ФОН, Фијат Цаноски и неговата сопруга се горди родители на Сефер, Миранда и Егзона.

Од сите нив имаат и внуци, а смејството сега е посреќно од било кога.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Фијат Цаноски

Од сите нив Сефер е најактивен на социјалните мрежи, каде често знае да сподели фотографии и видеа од нивното секојдневие.

Сефер неколу години е во брак со Турчинката Сезен, за која вели дека е љубовта на неговиот живот.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

Сефер и Сезен имаат 3 ќерки, а од бракот со Лејла Рамковска, Сефер има син и ќерка.

За разлика од него, неговите сестри не сакаат многу јавно да се експонираат.

Миранда и Егзона се вистински русокоси убавици. И двете се мажени и имаат свои семејства.

Целото семејство се собра на едно место, а за тоа имаа убава причина.

Имено, сопругата на Фијат Цаноски го прослави својот 62 роденден и од своите најсакани доби торта и цвеќе.

Нејзиниот син единец сподели фотографии од малата прослава на Инстаграм, а приликата ја искористи да ѝ го честита 92. роденден на својата баба, како и првата година на неговата роднина.

Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button