Новости

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОВИЕ ЛУЃЕ, на среќата ѝ нема крај – мајка и 3 деца од Штип добија нов дом благодарение на хуманоста

Advertisement

Александар Ѓорѓиевски од Штип, пожарникар по професија стана познат во јавноста по хуманите дела кои ги прави за луѓето. Тој беше првиот Македонец кој им помагаше на хрватските граѓани, после катастрофалниот земјотрес од 6,3 степени според Рихтерова скала.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

„Друго е институционално да се приклучиш друго е вака. Јас пред да тргнам напишав на ФБ, дека заминувам. Почекав два часа. Никој не се јави. Дури ни моите дома не знаеја дека одам. Мојата мајка беше на работа. Мојот брат и снаа исто така. Немаше дома никој. Набрзина го спакував куферот.

Advertisement

Викнав такси, да ме однесе до граница. Од таму ме собра автобусот на Хисар. Газдата кога слушнал каде одам, му рекол на шоферот, да не ми наплаќа за карта. Ме донесоа до Загреб. Од таму отидов до местото. Но, и кој да е во една ваква ситуација невозможно е да се организираш колку и да си спремен.

Од сите страни луѓе доаѓаат. Од сите страни има повици за помош. Едноставно речено ситуацијата е многу тешка“, напиша Александар на Фејсбук.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Тој по пристигнувањето во Хрватска на социјалните мрежи пренесе дека заминал во Сисак каде што бил вклучен во активностите за помош на жителите на овој град.

Advertisement

„Страшни глетки но обединети сложни се борат народот е вклучен хуманитарни пакети полни камиони шлепери донации стигаат од сите страни работава искрено е многу тешка овде и да бидам искрен луѓе на терен имаат и превише и од тоа се ствара премногу хаос единици војска полиција црвен крст волонтери како мене сите можни институции се на терен и кога командаат многу луѓе можете да претпоставите и каква е состојбата на терен“, напиша Ѓоргиевски.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Според неговото сведоштво, на доброволиците не им било дозволено да работат работи кои се во надлежност на хрватските институции.

„Посочено ни е на сите волонтери да ги истовараме хуманитарните пакети и да се доставуваат со комбиња до погодените граѓани кој останаа без кров над глава. Искрено таа работа два до три дена ке се среди и потоа си преземаат тие“, објави тој.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Но, хуманоста не запре овде. Добриот човек одлучи да ѝ помогне на своја сограѓанка.

28 – годишната Елена Манасиева и нејзините три дечиња на возраст од два месец до четири години, кои живеат во штипската населба Железничка, за 25 дена добија нов дом благодарение на него и неговата ангажираност.

Дека Елена и нејзините деца живеат во ужасни услови, Александар пред македонските медиуми кажа дека дознал преку статус на социјалните мрежи. Минатата година едно од дечињата на штипјанката поради неухранетост и премрзнатост го загубило својот живот.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Семејството живее со социјална помош и детски дототок, а скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја.
Александар одлучил да му помогне на ова семејството и за неполн месец, заедно со мајстори ѝ изградиле нов дом на Елена.

– Дојдов на самото место и видов, веднаш организирав луѓе и акција, малите и средни фирми од Штип донираа за побрзо да се изгради домот, а имаше група на мајстори од Велес, кои доаѓаа секој ден да го градат домот на Елена и на нејзините деца. Почнавме од покривот, од сите страни течеше, изградивме нов тоалет, сменивме прозорци, подот, внатре има нов мебел, нови електрични апарати. Сето ова го направиме во рок од 25 дена, кажа Ѓеорѓиевски за медиумите.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Децата на Елена повеќе нема да се капат во корито или надвор.

На оваа жена исто така потребна е и елементарна помош во храна и облека. Александар не запира тука и вели дека по оваа хуманитарна акција ќе следи нова, бидејќи постојано му се јавуваат луѓе кои од него бараат да им пмогне. Тој истакнува дека е неопходна и поддршката од медиумите, но и од големите компании, кои ретко донираат.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Смета дека со медиумска поддршка може да се поттикнат хуманите луѓе и фирми да донираат на оние семејства на коишто им е потребна помош.

Штипјанката Елена изрази неизмерна благодарност што Александар и останатите химани луѓе ѝ овозможиле на неа и нејзините деца да живеат во дом каков заслужува секое семејство. Нејзините деца сега имаат нормални услови за живот.

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

– Многу сум благодарна, моите деца веќе нема да се бањата во корито и по надвор, нема постојано да се разболуваат, оти веќе нема да ни тече вода од покривот. Претходно живеевме како да кажам во урнатина, шупа, а сега имаме дом, кажа Манасиева.

Истакна дека среќна што заедно со своите три деца ќе живее во новиот дом. Александар и неговите хумани пријатели треба да ни служат за пример на сите нас и да ги следиме нивните стапки, бидејќи сплотени можеме многу.

Погледнете како вредните луѓе ја уредија куќата:

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

 

ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук
ФОТО: Александар Ѓоргиевски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button