Северина се соблече во бикини и покажа дека е во топ форма – во преден план задникот и нозете!
Хрватската пејачка Северина го помина Божиќ на Малдивите, а пријателите на Инстаграм ги почести со провокативна фотографија од песочна плажа.
„Сонував бел Божиќ … и мојата желба се исполни”, напиша Северина под фотографијата што ја постави на нејзиниот профил, а на која позира во прекрасен бел костими за капење и со шешир на главата. На фотографиите во преден план се нејзините долги нозе и задник.
Во коментарите под сликата не недостасуваат пофалби за нејзиниот фит изглед, а меѓу обожавателите имаше и такви кои и завидуваа на тоа што божиќните празници ги помина на преубавите бели песочни плажи.
Со пејачката беше и нејзиниот син, Александар, кого претходно го фотографираше додека тој уживаше во плажата.
„Моето сонце, мојот сон, мојот син …” напиша таа.