Познатата хрватска пејачка знае како да ја загрее атмосферата преку Инстаграм, а тоа го направи и пред својот концерт.
Таа го најави со фотографија на која позира во Загреб и бара превоз, а во статусот напиша.„Ало екипа, вози ли некој за Сплит. Треба вечерва да бидам во Ванила.. како зошто? Па одам на концерт. Па секако дека ќе се видимеее…“
Северина на фотографијата носи здолниште со мини крој во беж нијанса со црн раб кој го спои со горниот дел, а од модните додатоци „фураше“ две тренди парчиња – плетена чанта и високи потпетици со змиски дезен.
Многумина ја искористија приликата да ја почестат со убави коментари на сметка на нејзините убави нозе и феноменалниот моден избор, и само за неколку часа доби илјадници лајкови, но и безброј понуди за превоз.
Погледнете уште неколку нејзини шик изданија:
Па, дали ви се допаѓа стилот на Северина?