Северина и на 47 години НЕ се откажува од бременоста: „Сакам на Игор да му родам бебе. Поранешниот сопруг не ме интересира“
Не се откажува од намерата да роди уште едно дете
Хрватската пејачка Северина Којиќ сака повторно да стане мајка и на својот сопруг Игор Којиќ да му роди дете. И покрај тоа што има 47 години и што пред две години го изгуби бебето зачнато со вонтелесно оплодување, познатата пејачка не ја губи надежта дека ќе забремени повторно и на својот син Александар (7) да му подари брат или сестра.
Таа во нејзиното последно интервју изјави дека Милан Поповиќ, таткото на нејзиното прво дете, воопшто не ја интересира, но и не сакаше до крај да одговори на незгодните прашања од новинарите поврзани со него.
Инаку, сопругот на Северина, Игор Којиќ, е 15 години помлад од неа. Тој постојано ја следи на нејзините настапи, а тоа очигледно и годи. Така беше и на нејзиниот последен настап на 58 Фестивал на културата на младите во Књажевац, каде сопругот ја следеше во секој чекор. Тие изгледаа како тукушто да запловиле во љубовните води, а медиумите единствено им замерија што Северина по неколку незгодни прашања поврзани со претходниот брак им избега на новинарите и не сакаше да го доврши интервјуто.