Свеќичките открија колку години наполни – Калиопи славеше роденден во домашна атмосфера
Честитки пристигнуваат до поп-дивата.

Калиопи ги дувна свеќичките на својата торта и уживаше во својот роденден.
Една од најдобрите пејачки на нашата музичка сцена повеќе од 4 децении е присутна на естрадата.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Но, за неа времето како да запрело.
Од години во години изгледа подобро од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Кариера како нејзината посакува секој пејач.
Има оставено траен белег во македонската музика, а нејзините песни ги знаат од најмлад до најстар.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Нашата дива славеше роденден, па видео од прославата сподели на Инстаграм.
На видеото покажа дел од нејзиниот дом, во кој преовладува белата боја, а зентрално место зазема белото пијано.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Свеќичките на роденденската торта открија дека Калиопи годинава го пролавува 57-от роденден.
Таа никогаш не ги криела годините и гордо позираше и без грам шминка.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Насмевката на нејзиното лице кажува дека пејачката се чувствува среќно и задоволно.
Во позадина на видеото се слуша нејзината песна „Роденден“.
„Ви благодарам за секоја прегратка без допир, драги луѓе!!!“ – напиша таа во опис.