Светлана Црнокрак скршена од тага, изгуби важна личност: „Си замина засекогаш“
Понатата македонска манекенка и водителка сподели фотографии од својата младост.

Црнокрак ја загуби својата најдобра пријателка и скршена од болка напиша емотивна посвета за неа.
Една од најубавите жени на македонската јавна сцена, Светлана Црнокрак, покажа како изгледала во младоста и откри како се забавувала.
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Мајка, сопруга, успешна жена, секогаш одмерена, но и убаво дотерана и негувана.
И во младоста била таква, а доказ за тоа се фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи.
Во многу свои интервјуа има истакнато дека максимално внимание посветува на физичкиот изглед со секојдневните ритуали за убавина, редовни тренинзи, но внимава и на исхраната.
Таа го негува елегантниот стил на облекување, но за потребите на одредени фотосесии знае да експериментира со стилови.
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Континуираната нега допринела Светлана денес да изгледа минимум 20 години помладо.
Со своите следбеници сподели дека доживеала голема тага – згаснал животот на нејзината пријателка од детството, Рената.
Тие биле неразделни, еден период биле и цимерки, па cмp-ттa на Рената многу ја погоди Светле.
Таа сподели нивни заеднички фотографии и ги воодушеви сите.
Погледнете како се збогува Светле од најдобрата пријателка: