Нема некој што ќе остане рамнодушен на нејзината беспрекорна модна елеганција…
https://www.instagram.com/p/CCWeUcRlyYC/
Меланија Трамп се појави на прославата на стогодишнината од усвојување на 19 амандман на уставот на Соединетите Американски Држави во беспрекорно елегантно модно издание со кое ги воодушеви сите.
Правата дама на Америка, блескаше во свеченото издание носејќи класичен бел комплет со потписот на американскиот дизајнер Мајкл Корс.
Комплетот потполно ја оправдува цената која изнесува нешто повеќе од 2000 долари, бидејќи изгледа феноменално.
Сепак, за целокупниот впечаток најзаслужен е еден моден додаток – во прашање е впечатливиот ремен со пепито дезен.
https://www.instagram.com/p/CEETyyFgq50/
https://www.instagram.com/p/CECcHbyA1B8/
https://www.instagram.com/p/CEIKH7Fg3A8/
Фото: Профимедиа
Па големо БРАВО за ова префинето и модерно издание на убавата Словенка.
Таа ги воодушеви сите и предизвика бројни реакции, посебно меѓу познавачите на високата мода, а многумина се согласни дека не може секоја жена олку добро да износи една ваква модна комбинација.
https://www.instagram.com/p/CDSIzAXgwip/
https://www.instagram.com/p/CC7A04GgbCn/
https://www.instagram.com/p/CCW8orzgHIB/
Поранешната манекенка досега безброј пати покажа дека може да се снајде и да го покори апсолутно секој моден стил, посебно заради нејзината грациозност и витката фигура која што успеа да ја задржи и на 50 години.
Погледнете уште неколку нејзини феноменални изданија:
https://www.instagram.com/p/CEIJK2QleO4/
https://www.instagram.com/p/CEBvdS8AXEp/
https://www.instagram.com/p/CEAeUeTl4Uo/
https://www.instagram.com/p/CDzdydAAQlP/
https://www.instagram.com/p/CDmtaE6AyxP/
https://www.instagram.com/p/CD14eSkl9hK/
https://www.instagram.com/p/CDwfqL6lwBL/