Изабел не само што изгледа убаво, туку е неодолива…
И тука не мислиме само на физичкиот изглед, туку и на нејзиниот посебен стил за кој денес ќе позборуваме. Во прашање е Изабел Гулар која деновиве беше во деловна посета на Минхен и се прошета во прекрасно издание.
Познатата манекенка низ улиците на дождливиот Минхен се прошета во својата „teddy coat“ бундичка со потписот на „Max Mara“ и чанта од „Fendi“, а под бундата носеше розови тренерка со сиви детали од австралискиот бренд „I Am Gia“ – еден од омилените нови брендови на бројни познати трендсетерки, а кој е со релативно ниски цени.
Целото издание го заокружи со „грди“ патики и „кроп“ топ, истакнувајчи го притоа и нејзиниот гол стомак.
https://www.instagram.com/p/Bqr9TCYAFdM/
Па, дали ви се допаѓа ова спортско шик издание? Погледнете уште неколку интересни комбинации на оваа девојка >>
https://www.instagram.com/p/Bq7gBPOgN81/
https://www.instagram.com/p/BpHkOungVGc/
https://www.instagram.com/p/BoRgt0pg7Vn/
https://www.instagram.com/p/BngzKzWBj2u/