CelebrityНовости

„Само таа знае како го издржа сето тоа“ – Бајага се присети пред три децении и раскажа кои МАКИ ги имал со сопругата

Advertisement

Популарниот музичар Момчило Бајагич -Бајага својата жена прв пат ја видел во автобус и веднаш му се допаднала. Меѓутоа, кога ја прашал да излезат следел урнебесен одговор, кој и ден денес го памети.

Advertisement

Момчило и Емилија се во брак 31. година, а пред тоа седум години живееле заедно. Тоа што е интересно кога нив двајца се во прашање е начинот на кој се запознале – во градскиот јавен превоз.

– Ема престојувала во Земун, а се запознале во автобус. Во автобусот прв пат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува.

Advertisement

Мене тоа ми беше дека ме откачи, бидејќи кој не излегува во недела? Ема најверојатно излегувала во сабота, од кај да знам.

Јас потоа не поставив додатно прашање, ми беше глупо. Па после неколку месеци успеавме да се сретнеме, истакна музичарот.

Се венчале во далечната 1989 година и го добиле синот Марк, а осум години подоцна и ќерката Анѓела.

На Емилија и ги има посветено сите свои љубовни песни. Нивната врска никогаш не била во искушение, но свесен дека на неговата сопруга не и било лесно.

– За јавните личности сешто се пишува. Ема навистина сето тоа го поднесе добро, посебно тие првите години од нашата врска кои беа најлуди.

Не можевме да одиме дури ни на летовање каде што одат сите, истакна рокерот.

На децата не им беше лесно да растат со познат татко. Бајага тврди дека да имате славен родител е привилегија, поготово кога организира големи концерти.

– Тогаш сум многу неровозен, а тоа се пренесува и на нив. Многу пријатели од училиште бараат карти за концерти, па потоа доаѓаат дома и бараат од мене, а тие денови не ми е до ништо, искрен бил Бајага.

Поради пандемијата со Ковид 19 музичарите не можат да одржуваат концерти и јавни настапи, се надеваме дека што побрзо ќе ја снема короната и ќе можат музичките уметници да си се вратат на својата професија, еве во продолжение како изгледа еден концерт на Бајага.

Мораме да признаеме дека секој концерт е вистински спекаткл со позитивна енергија.

 

 

 

 

 

Бајага важи за голем шармер и освојувач на женските срца, новите генерации сигурно не знаат како изгледал тој на почетокот од кариерата. Бајага на својот официјален Инстаграм профил објави неколку фотографии од младоста.

Погледнете:

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button