Наши ѕвезди

Русокоса со сини очи: Ќерката на шеф Марк е витинска убавица – гордиот татко објави преубава вест

Ќерката на популарниот македонски готвач е вистинска убавица.

Advertisement

Марк де Јонг ѝ напиша емотивна честитка на својата ќерка по повод роденденот.

Готвачот Марк де Јонг стекна огромна популарност со учеството во единственото кулинарско шоу кај нас, „Брза кујна“.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Марк де Јонг

Неколку сезони беше еден од водителите во ова шоу и публиката премногу го засака.

Со својот шарм, кулинарски способности и духовитост ги освои гледачите.

Advertisement

Љубовта кон готвењето Марк вели делумно ја наследил и од неговиот татко, кој по 11 години работа како полицаец решил да отвори ресторан со белгиска национална кујна.

Она што малкумина од вас можеби го знаат е тоа дека Марк има македонско потекло.

ФОТО: Фејсбук / Марк де Јонг

Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Во 2021 година стапи во брак со неговата долгогодиша партнерка Василка.

Од првиот брак Марк има син и ќерка.

Заедно со Василка обожаваат да патуваат и секој слободен момент го користат да посетат нова дестинација.

По повод роденденот на неговата ќерка Кимберли, Марк напиша емотивна честитка на Фејсбук и сподели нивна заедничка фотографија.

Кимберли е вистинска убавица, русокоса со сини очи, која по малку потсетува на својот татко.

„Девојченце, ти посакуваме среќен роденден…

Нека овој ден биде само твој и сѐ што посакуваш да ти се оствари!!!

Те гушкаме!!

Тато и Василка“.

ФОТО: Фејсбук / Марк де Јонг

ФОТО: Фејсбук / Кимберли де Јонг

ФОТО: Фејсбук / Кимберли де Јонг

ФОТО: Фејсбук / Кимберли де Јонг

ФОТО: Фејсбук / Кимберли де Јонг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button