Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Руска група му ја украде песната „Боже чувај ја од зло“ (ВИДЕО)

Реклама

Позната руската рок група „Землјане“ ја „присвои“ песната „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески.

Нивната песна го носи насловот „Боже“ и истиот е промовиран на нивниот канал на YouТube уште на крајот на месец февруари оваа година.Под самата песна е наведен и тимот кој се претставува дека ја создал оваа песна.

„Боже чувај ја од зло” од оригиналниот Тоше Проески е еден од неговите најголеми хитови, а таа се најде на неговиот албум „Игри без граници” кој беше издаден во 2007 година. „Ова е песна на Тоше Проески. Вие ги прекршувате авторските права и со тоа докажавте дека не сте артисти, туку само крадци.“

Маркетинг

„Авторите“ на ова дело се Владимир Трушин, односно автор на музиката, и Владимир Киселев кој е потпишан под текстот, кој всушност е само преведен и прилагоден на руски јазик.„Чист плагијат, за срамота, песната ја пее легендата, Тоше Проески!“– се дел од коментарите на видеото на бендот на Youtube.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button