Родените после 2009г. никогаш легално нема да купат цигари – нова забрана што го „шокираше“ светот

Луѓето родени во Нов Зеланд по 2009 година никогаш нема законски да можат да купат цигари поради радикалниот закон да се намали пушењето.
Според законот, тутун нема да може да се продаде на никој роден на или после 1 јануари таа година и е првиот закон во светот кој секоја година ја зголемува старосната граница за пушење.
Тоа значи дека минималната возраст за купување цигари ќе продолжи да расте.
Теоретски, на некој што ќе се обиде да купи кутија цигари за 50 години од сега, ќе му треба лична карта за да покаже дека има најмалку 63 години.
Но, здравствените власти се надеваат дека драстичо ќе се намали бројот н пушачи до тогаш или воопшто ќе ги нема. Тие имаат за цел да го ослободат Нов Зеланд од чад до 2025 година.

Новиот закон, исто така, го намалува бројот на трговци на мало на кои им е дозволено да продаваат тутун од околу 6.000 на 600 и го намалува количеството дозволено никотин во тутунот што се пуши.
Д-р Ајша Верал, помошник министер за здравство на Нов Зеланд, рече: „Не постои добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат.
„И можам да ви кажам дека ќе ставиме крај на ова во иднина, носејќи го овој закон“.

Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема дс има потреба од лекување на болести предизвикани од пушење, како што се рак, срцев удар, мозочен удар и ампутации.
Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на оние на возраст од 18 и повеќе години, амблажите на цигарите мораат да имаат графички здравствени предупредувања.
Нов Зеланд во последниве години, исто така, воведе серија зголемувања на даноците на цигарите.
Измената на законот ја поздравија повеќе здравствени агенции.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин