Реклама
Наши ѕвезди

Ретко која позната пејачка би го сторила тоа – Калиопи објави фотографија без шминка и ги воодушеви сите

Реклама

Поп дивата подготвува нешто ново, па се пофали на Инстаграм додека нетрпеливо чека.

Поради пандемијата со коронавирусот многу настапи и концерти се откажаа па пејачите беа принудени со своите фанови да се дружат преку социјалните мрежи или пак да одржуваат мини онлајн концерти.

Маркетинг

Македонската пејачка Калиопи Букле е една од нив која неуморно и активно се дружи со своите фанови преку социјалните мрежи, иако мора да се признае дека со нетрпение очекуваме да се врати животот во нормала и повторно да се дружиме во живо.

Веројатно и на Калиопи и здодеа, па соопшти дека нешто ново „се крчка“.

Маркетинг
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Калиопи е препознатлива по своите големи хитови кои никој не останува рамнодушен кога таа ќе го пушти гласот, а сега повторно од студиото на нејзиниот сопруг и верен соработник, Ромео Грил најавува нова песна.

Насмеана како и секогаш Калиопи објави фотографија без грам шминка на себе, па напиша:

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

„Зошто сум толку среќна? Бидејќи слушнав нешто ново од музичката лабораторија на господин Ромео Грил. И знаете што? Не можам да дочекам да се вратам во студио, да снимам и да го споделам со вас … За да престане оваа луда ситуација и да се вратиме на нормалниот живот“, напиша пејачката.

Убава како и секогаш нејзиното лице го красеше само прекрасната и претпознатлива за Калиопи, насмевка.

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Сите знаеме дека од комбинацијата Калиопи-Ромео произлегуваат одлични хитови овојпат останува да почекаме и да видиме за што станува збор, но нема сомнеж дека тоа сигурно ќе биде нов хит.

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Нашата пејачка Калиопи Букле со години ја освојува публиката како со нејзиниот извонреден глас така и со изгледот. Нејзината песна Бато се слушаше низ цела поранешна Југославија, и оттогаш па се до денес таа важи за една од најшармантните пејачки на Балканот.

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Калиопи зад себе има два брака, две големи љубови! Од романсата со композиторот Ромео Грил Калиопи го доби најголемиот дар во својот живот, синот Пако (28).

Но и покрај нивниот одличен спој, по некое време ќе се разделат. Потоа следуваше романтичната врска со 13 години помладиот актер Васил Зафирчев со кого со години важеа за најромантичниот пар на нашата естрада. Но за жал и тие по неколку години се разделија, а Калиопи не престана да зрачи со својата позитивна енергија и ведрина.

Пејачката и покрај тоа што се разведе од првиот сопруг, со него соработуваше на некои песни и по разделбата. Таа за него вели дека отсекогаш ги правел најдобрите песни за неа, а негова е и песната „Црно и бело“ со која се појави на Евровизија.

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Потоа следуваше и албумот „Мелем“, па затоа нема сомнеж дека и овојпат станува збор за нов хит!

ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм
ФОТО: Калиопи Букле/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button