Ребека со емотивни зборови за синот кои ќе ве расплачат: На глас се молев „ОЧЕ НАШ“

Поп пејачката Ребека Јанковска Ристески веќе подолго време отворено зборува на многу теми, а посебно за нејзиниот син Маркијан.
Храбрата мајка отворено проговоти за болеста на својот син и за предрасудите со кои лавовски се бори секојдневно па на таа тема Ребека откри уште еден емотивен и застрашувачки меомент за неа и нејзиното семејство.
По повод Лазарова сабота таа се потсети на случка која се случила пред 10 години, па напиша дека вечно е благодарна на Свети Лазар што Маркијан се разбудил и денес е жив.
Ребека во статусот објаснува дека денот и почнал како и секој претходен, стравувајчи дали Маркијан ќе има епилептичен напад или не.
„Некој вирус се беше вгнездил во малиот Маркијан. Се слушнав со Мики кој беше на работа и се договоривме да се земе крв за анализа за да знаеме дали да почнеме со антибиотик. Доаѓаат дома,а јас ја оставам потоа свекрва ми за да извадам пари од банкомат за да не останам должна и носам во ординацијата. Се враќам веднаш и ја наоѓам свекрва ми со така речи безживoтното тело на мојот ангел во нејзините раце. До неа уште еден ангел, Ангелина, нашата комшивка која веднаш, без размислување со клучевите од автомобилот брза накај паркингот,“пишува таа и продолжува.
„Небото и земјата ми се превртеа. Влегуваме во кола и возам со сите 4 трепкачи,отворени прозори и рака на свирката. За неполни 8 минути прелетувам од Н.Лисиче до Клинички Центар на Водњанска. Во колата на секој 30 сек.се вртам да ја смирувам, загрижена свекрва ми која со солзи ми кажува постојано дека го изгубивме, дека е мрт ов и дека прстите му се модри.
Епилептичниот напад се вика генерализиран епи напад. Влегувам на клиника,а Мики веќе не чека на влезот и возиме до педијатрија. Го ставаат на кревет и го реанимираат. Но, апаратот за кислород не работи. Уште еден шок. Во тој момент едноставно се совземам и се согласувам дека се понатаму е во Негови раце,во рацете на Господ. Почнувам на глас да ја кажувам молитвата : Оче Наш кој си на небеси,…
Но,знам дека моќта на молитвата е огромна ако е од срце кажана и во спокој. Петок е, врне истура. Мора да го носиме во ургентен. Тука се и мајка ми и сестра ми. Ја буткаме количката за транспорт,а врз неа мојот ангел кој не диши. Стигнуваме. Сестра ми ја крши влезната врата која не се отвара од ургентниот центар. Го интубираат. Ми велат да излезам. Чекам,чекам…Се отвара вратата…Маркијан е во длабок сон, под анестезија…
..Мозокот бил без кислород подолго време. Прават пункција. Доаѓа Др.Лидија Забазновска, од самиот почеток Др.Данче Угриновска, а и Др.Маја Киријас е тука. Во нивните раце е…Ќе биде добар. Одам дома и земам свети масла. Мојот сопруг е атеист,но прифаќа по мојата молба, да го мачка по целото тело, цела ноќ, се додека не се разбуди. Ако не се разбуди!? Господи нека биде Волјата Твоја!
Стоиме во ходникот со мајка ми,сестра ми, свекрва ми, братучетка ми Кики,Сашка и Драган,нашите кумашини, мојата пријателка Оле, мојата Соња Тарчуловска и можеби уште некој,но јас не се сеќавам. Нека ми простатОколу 01 часот по полноќ одам дома. Мики останува. Ми се јавува во 04 часот и ми кажува дека Маркијан реагира на секој допир со прстот и светото масло. Срцето му чука побрзо само што ќе го допре Мики со светото масло .Слава на Бога!
Сум заспала на троседот во салонот. Во 09ч.ми звони Мики. Сабота. Се разбудил нашиот Маркијан и прво што направил ја гушнал медицинската сестра. Од тој ден Маркијан се разбуди. Од тој ден започна неговиот развој. Наскоро почна и да зборува. Веќе 10 години,а од тој ден нема епилептични напади.
Името да не им го чуе ниту каже човек. Се јавувам кај мојот отец,а тој ми вели:За многу години празникот! Лазарова сабота еМу благодарам на Господ, му благодарам на Св.ЛазарЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ!!!! Вечно да го славиме!“ стои во нејсината емотивна објава.
Гордата и храбра Ребека во интервју за „Женски магазин“ откри дека дознале дека нешто не е во ред со Маркијан уште додека била во седмиот месец од бременоста, но сепак одлучиле да ги прифатат сите предизвици и искушенија и одлучиле да го задржат и да се радуваат ва неговиот живот.
– Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме ту-мори на срцето, но не и промена на срц-евата работа. И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија. На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите – епилептични напади, рече Ребека.
Поп-пејачката Ребека Јанковска – Ристески и нејзиниот сопруг Мики се во брак од 2006 година. Тие имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј.
Таа заедно со својот сопруг викендов присуствуваа и на протестот кој се оддржа по повод 27 април, настаните во Собрание и осудените за упадот.
Објавија заедничка фотографија и напиша: „Слобода“, а под фотографијата многумина коментираа дека и двајцата изгледаат преубаво и вњубени!
Ребека е голем борец за лицата со посебни потреби и максимално е ангажирана во здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ чиј основач е таа, додека пак нејзиниот сопруг е доктор на клиниката на онкологија.