Раскошна вила во Мајами од кој ќе ви застане здивот – ѕирнете во ЛУКСУЗНИОТ дом на Џенифер Лопез од 40 милиони долари

Пејачката знае како да ужива во животот
Неверојатна вила која се наоѓа на остров резервиран само за најмоќните и најславните лица на светот
Џенифер Лопез и Алекс Родригез потрошија, наводно, дури 40 милиони долари на прекрасно здание во Мајами.
Во прашање е имот кој се наоѓа на Островот на ѕвездите, што е приватен имот за моќни бизнисмени и ѕвезди
Вилата има 10 спални соби и 12 тоалети, има своја приватно пристаниште кое излегува на Атлантскиот океан.
Покрај тоа, има и соби за вино, библиотека, базен, лифт, канцеларии – луксузна вила од соништата.
Погледнете како изгледа:
Инаку, познатата латино дива одлучи да ја продаде својата раскошна вила за 14.5 милиони долари.
Во прашање е вила која се наоѓа во предградие на Лос Анџелес, Хајден Хилс, место кое важи за еден од најелитните делови на калифорнискиот град каде исто така живеат голем број ѕвезди. Познатата актерка и пејачка на овој имот живееше од 2010 година, а луксузната вила ја купи за 8.2 милиони долари заедно со тогашниот сопруг Марк Ентони.
Имотот тогаш претрпе одредени промени во ентериерот, а за тоа во главно беше ангажирана дизајнерката Мишел Воркман.
Инаку, комплетниот имот опфаќаше 9 спални соби, просторна кујна, гардеробер со мејк-ап студио и импресивен надворешен дел и огромен базен кој потсетува на оние кои се резервирани само за големи хотелски комплекси.
Погледнете како изгледа и ова царство во кои Џенифер живееше полни 5 години, а го купи во 2010 година.
Фото: Профимедиа