Рамуш Харадинај го „растурија“ поради овие две секси советнички во неговиот кабинет – нивните фотографии откриваат сé
Опозицијата и обичните луѓе, всушност, го критикуваат непотизмот и скандалозниот избор на Харадинај при вработување на политички и медиумските советници во неговиот кабинет.
Советничките на Рамуш Харадинај, Деилза Хоти и Бези С. Османи
Рамуш Харадинај, веќе подолго време е предмет на критика на локалната заедница, бидејќи го зголемува бројот на политичките советници кои постојано ги вработува. Тој во моментот има 11 вкупно, но, исто така, и поради тоа што ги вработува своите партиски другари од неговата милитантна Алијансата за иднината на Косово.
https://www.instagram.com/p/BgV96yEgKnh/
Рамуш со неговата сопруга Анита
Опозицијата и обичните луѓе, всушност, го критикуваат Харадинај поради непотизам и скандалозен избор при вработување на политички и медиумски советници во неговиот кабинет, во кој преовладуваат младост и убавина.
Деилза Хоти
Атрактивната 23 годишна Деилза Хоти е најмладата советничка на премиерот, која со година дена помалку успеа да влезе во кабинетот на Харадинај.
Она што е контроверзно покрај нејзината возраст и неискуството, е и образованието, бидејќи дипломирала политички науки, но на приватен факултет.
Бези Османи
Нејзината колешка Бези Османи исто така има 22 години и е вработен како личен асистент на премиерот, а нејзиниот настап на социјалните мрежи се карактеризира како екстравагантен, секси и несоодветен за советничка на премиерот.
Она што го критикуваат, а како што пренесуваат приштинските медиуми, е фактот што на тие места како и секаде на светот, треба да бидат интелектуално супериорни луѓе и корисни за сериозни националните прашања.
Медиумите истакнуваат и дека овие две советнички придаваат големо внимание на надворешниот изглед, што е лош пример за младите во Косово, каде што владее висока стапка на невработеност и нестручност.