Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Раковите да внимаваат за трошоците, љубовна криза за Водолијата…Викенд хороскоп 24-25.08.2019

Реклама

Викенд хороскоп 24-25.08.2019.

Овен

Со желба за лично докажување ќе го направите тоа што другите не можат. Потребно е да ги согледате проблемите од реален агол и да не бидете премногу амбициозни кога станува збор за работа која би можела да ви донесе профит и популарност.

Маркетинг

Бик

Викендот ќе ви се откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Во друштво на блиското лице ќе чувствувате потреба да искажете некои ваши сокриени желби. Повнимателно анализирајте го вашиот партнер.

Маркетинг

Близнаци

Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Не дозволувајте партнерот премногу да се одалечува од некои заеднични теми.

Рак

Бидете внимателни затоа што без разлика на заработувачката, трошоците се се поголеми. Понекогаш е потребно да се докажувате под речиси сите околности, но се е можно кога имате добра визија.

Лав

Можеби ќе имате потреба да истражувате некои нови можности на деловното поле. Бидете малку посериозни. Во љубовта не ви се допаѓа љубомората која ја покажува вашиот партнер.

Девица

Партнерските односи кои до сега ве оптоваруваа ќе морате да ги средите доколку сакате да имате мир во душата. Разговорот со партнерот ќе ви донесе одговор на многу прашања што ги вртите низ главата.

Вага

Имате за што да размислувате и со кој да работите но немате доволно елан и како да чекате некаков поттик од некој кој е поискусен или повозрасен. Сакате да имате личност на која можете да се потпрете во секој поглед.

Шкорпија

Викендот ќе го поминете во уживање бидејќи ќе немате буквално никакви обврски. Доколку сте слободни можно е ново познанство со некое романтично и емотивно лице.

Стрелец

Единствен проблем ви претставува финансискиот ризик којшто треба да го преземете. Доколку сте слободни, чувствувате јака потреба за стабилна врска. Но, сите оние што ги среќавате воопшто не одговараат на сликата која ја замислувате.

Јарец

Размислувате за деловни промени но сеуште не сте подготвени да ги реализирате. Доколку сте слободни, обрнете повеќе внимание на излегувањето и авантурите, отколку на анализирањето на пријателите и на нивното однесување.

Водолија

Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби. Партнерот помалку почнува да се оддалечува од вас и се повеќе да и се посветува на работата.

Риби

Доколку сте слободни, никако не повлекувајте се во себе и не осамувајте се. Пријателите и дружењето се најдобар лек за љубовните проблеми. Не им дозволувајте на емоциите да ве надвладеат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button