Реклама
Наши ѕвезди

Радосни вести – Шерифовиќ во 2021 ќе стане мама? Откриена е и мистериозната жена со која веќе некое време се забавува!

Реклама

Пејачката ги изненади своите фанови

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ во своето последно интервју зборуваше за една многу важна тема – бракот.

Пејачката на ова ја поттикна признанието дека во последно време интензивно работи на своите кулинарски способности.

Маркетинг

Како што самата вели за себе, сега станала вистинска домаќинка, а се пофали и со тоа дека во последно време се подобро и подобро се снаоѓа во кујната.

„Научив да спремам сарма, полека влегувам во штосот.

Чудата се можни. Можеби ќе ја променам и професијата, па наместо пејачка ќе станам готвачка. Подготвена сум за брак!“ изјави популарната пејачка за српските медиуми.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Покрај тоа, Марија додаде и дека нејзината мајка Верица е нестрплива да се оствари во улога на баба.

„Имам 35 години и сакам наскоро да добијам дете. Не можам ни да замислам да ги дочекам годините во кои ќе се прашам зошто не сум го направила тоа кога било време. И мојата мајка Верица одвај чека внуче“, додаде таа.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Инаку, оние што добро ја познаваат Марија, често знаат да се пошегуваат со неа дека има опсесивно-компулсивно нарушување, односно дек во нејзиниот дом секогаш се мора да биде како под конец, што и самата пејачка не го крие и за медиумите го има потврдено.

„Мислам дека добрата организација на животниот простор е многу важна, а за хигиената и не сакам да зборувам, тоа треба да се подразбира, нели?“ раскажа неодамна Марија за српското издание на магазинот „Стори“.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сепак на прашањето дали чисти со правосмукалка и дали ги мие завесите, таа со насмевка одговори:

Сега сте премногу духовити! (смеење) Мислам дека покрај мојот домашен миленик Хак, најпозната личност од мојот живот е Јока, жената која што ми помага на тоа поле. Таа стана голема ѕвезда и безрезервно сум и благодарна на тоа што ме толерира и мојот дом го држи под контрола, порача пејачката во интервјуто и го додаде следново:

„Како што сакам мојот простор да биде во ред, исто е и во односот со луѓето, посебно со пријателите. Се мора да биде јасно, конкретно. Не е денес лесно да се оствари таков вид на пријателство, времето стана лудо“.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Која е мистериозната жена со која Марија се забавува веќе некое време

Што се однесува до љубовниот живот на Марија, тој  отсекогаш бил интригантен за јавноста, посебно откако јавно призна дека е наклонета кон женскиот пол.

Но пејачката која во 2007 година победи на Евровизија досега успешно ја криела својата приватност, како и своите партнерки.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сепак, неодамна српскиот Курир објави дека таа веќе година дена се гледа со снаата на едно од најбогатите и најмоќните семејства на Балканот.

Тие наводно тајно се гледаат неколку дена по првото познанство и тоа во прво време никому не му било сомнително, посебно затоа што познатата пејачка отсекогаш имала многу пријателки, а госпоѓата веќе со години е во среќен брак со наследникот на моќна династија

Тие наводно неколку пати биле видени во познати белградски ресторани како се држат за раце, пишува весникот.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Шерифовиќ и минатата Нова година, во интервју за магазинот „Стар“ изјави дека сериозно размислува за родителство и дека тоа би бил најголемиот триумф во нејзиниот живот. „И при самата помисла на тоа се радувам, така што сум сигурна дека во следните две години ќе станам мајка“.

Таа тогаш призна и дека не сака да има сурогат мајка, туку нејзина желба е да забремени.

„Најлогично е моето дете јас да го донесам на овој свет. Само се надевам дека нема да биде пејач или пејачка. Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако изведувач“ изјави познатата пејачка во шега и додаде дека за неа е важно само бебето да биде здраво, живо и паметно.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button